Фото и рецепт: Маја Танасковиќ

Потребни состојки:

Стар леб

Суво месо или нешто сувомеснато по ваш вкус

Кашкавал

Малку павлака

Сенф

Ајвар

Кромид

Лук

Црн пипер

Постапка:

Лебот прво исечкајте со остар нож во вид на мрежичка со коси линии, така да добиете коцки, но внимавајте да не го исечете лебот до крај.

Во еден сад ставете исечкан кромид, лукче, неколку лажици павлака, малку сенф за вкус, и една- две лажици ајвар. Сето ова убаво измешајте го.

Измачкајте го лебот убаво помеѓу преградите и наредете парчиња суво месо и кашкавал.

Одозгора зачинете со црн пипер и зачини по ваш вкус.

Ставете во рерна и печете 10-тина минути, додека да се фати убава кора одозгора а кашкавалот да се растопи.

Фото и рецепт: Маја Танасковиќ