Понекогаш ќе слушнеме тажна вест за некој сосем здрав човек дека добил срцев удар. Меѓутоа, науката вели дека и психичките причини се исто толку многу штетни за најважниот мускул во телото, како и физичките.
Кога луѓето патат од висок крвен притисок, имаат различни заболувања за кои се знае дека можат да бидат тригер за срцев удар, инфарктот е нешто што многумина не ги изненадува.
Но што кога тоа ќе им се случи на луѓе кои живеат здрав живот и немаат потреби од лекови ниту боледуваат од било каква болест?
На овие причинители веројатно никогаш не би се посомневале, а всушност значително го зголемуваат ризикот од срцев удар!
РАЗВОД
Истражувањето од Институтот “Каролина” во САД откива дека разведените луѓе имаат 18% поголем ризик да добијат срцев удар во однос на луѓето кои се во брак.
ЕМОЦИОНАЛНА БОЛКА
Научниците од Универзитетот Макмастер во Канада анализирале податоци од 12461 пациенти со просечна возраст од 58 години кои првпат доживеале срцев удар, а потоа не пателе од срцеви заболувања.
Интересно е дека речиси сите во прашалникот запишале дека ден пред инфарктот претрпеле голема емоционална болка, односно слушнале лоша вест која многу ги погодила.
ЗАГАДЕН ВОЗДУХ
Студијата била направена со повеќе од 16000 луѓе кои претрпеле три различни типа на срцев инфаркт. Тие се обиделе да одредат кој тип на инфаркт е најчест во деновите кога воздухот е многу загаден. На крајот навистина пронашле поврзаност помеѓу лошиот квалитет на воздухот и најтешкиот тип на срцев удар.
БРЕМЕНОСТ
Тестот кој бил спроведен на Универзитетот во Јужна Каролина покажал дека промените во телото кои настануваат за време на бременост, може да го зголемат ризикот од срцев удар во текот на бременоста и 12 седмици после пораѓај. Срцевите удари кои се случуваат за време на бременост се многу тешки и доведуваат до бројни компликации.
БЕС
Студија спроведена од научници во Сиднеј открила дека ризикот од срцев удар е 8,5 пати поголем во текот на двата часа после силен излив на бес. Д-р Томас Бакли од Универзитетот во Сиднеј објаснува дека тригери за инфаркт може лесно да станат кавгите помеѓу членови во семејството и други луѓе, како и нервирање на работа.
ПРЕМНОГУ АЛКОХОЛ
Пиењето на преголеми количини алкохол го зголемува ризикот од срцев удар, фибрилации на срцето (реперење на срцевите комори), но и целосно откажување на најважниот мускул во телото, истакнуваат научниците од Универзитетот Калифорнија.
СТУД
Шестгодишна студија спроведена на Универзитетот Манитоб во канада открива дека се секој пад на температурата за 10 степени се зголемува ризикот од инфаркт на микардот за 7%. Наглите промени влијаат на секого, но луѓето кои веќе патат од срцеви болести треба да одбегнуваат престој на ладно место.
НЕСОНИЦА
Резултатите од студијата спроведени на Универзитетот за наука и технологија во Норвешка покажуваат дека ризикот од инфаркт значително се зголемува ако патите од несоница, за дури 45%!
ПУШЕЊЕ
Научниците од медицинскиот центар во Тел Авив ја потврдија врската помеѓу пушењето и зголемениот ризик од срцев удар. Анализите покажале дека пушачите имаат трипати поголем ризик од инфаркт во однос на бившите пушачи и луѓето кои никогаш не консумирале цигари.