Хељдата не е само здрава житарица, туку и лековита билка. Од зрната на хељдата се приготвува чај кој после 6 недели редовно конcyмирање дава одлични резултати во лекувањето на болестите на к рвните садови.




Овој чај благопријатно делува врз ѕидовите на к рвните садови, ја подобрува нивната еластичнот, ги поправа и подмладува. Исто така, го јакне ослабеното срце и го намалува високиот к рвен притисок. Како се приготвува чајот прочитајте во продолжение на текстот.




Хељдата всушност не е житарка, туку зелјеста билка сродна со рабарбарата (повеќегодишно растение со големи листови и зеленикаво до црвено стебло што се користи за правење компот или како лековито растение).




Семето од хељдата претставува семе на плод и заради високото количество на комплексни јаглехидрати што го содржи, може да се смести меѓу таканаречените псевдожитарки, заедно со амарантот и киноата. Хељдата е особено богата со витамини од Б-комплексот, но и со железо, магнезиум, цинк, калиум и манган.




Претставува одличен извор на протеини – меѓу житарките и псевдожитарките единствено овесот има повеќе протеини од хељдата. Истражувањата покажале дека личностите кај кои хељдата се консумира секојдневно, односно е застапена во секојдневната исхрана обично имаат пониско ниво на ЛДЛ холестерол, како и помали шанси за развој на хипертензија.




На овој начин хељдата помага во превенцијата од кардиоваскуларните заболувања. Се смета дека благотворно делува на кардиоваскуларниот систем благодарение на високата содржина на лигнани и флавоноиди (особено рутинот, кој го содржат цитрусите, јаболката, смоквите и црниот и зелениот чај).




Хељдата ја зголемува отпорноста на капиларите и ја смалува нивната пропусливост, го смалува кр-вниот притисок и делува како диуретик. Исто така, се употребува при венски болести, ревматизам, дијабетес, цревни болести, слабокрвност, артериосклероза и друго.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Една полна супена лажица интегрални зрна од хељда и 250 мл ладна вода. Постапка: Неизлупените зрна од хељда прелијте ги со една чаша ладна вода и садот ставете го на рингла.




Вклучете ја ринглата и оставете да зоврие. Од моментот на зовривање намалете ја температурата на умерено и оставете да се готви уште 10-тина минути. Потоа поклопете и оставете да отстои уште пет минути.




По изминатото време процедете ја течноста. Конcyмирајте два до трипати дневно по една шолја чај во текот на шест недели. Потоа направете пауза. Зрната што ќе ви останат можете да ги користите за приготвување на салати, каши или да ги додавате во разни јадења.

хељда
хељда