Воспалението на бубрезите (нефритис), најчесто е предизвикано од бактерии од семејството на стафилококи и стрептококи. Овие бактерии влегуваат во организмот од околината, честопати преку уринарниот систем.
Најчеста бактерија што предизвикува воспаление на бубрезите е Ешерихија Коли. Кај жените, воспалението на бубрезите е нешто почесто поради анатомијата на телото – поради близината на уретрата и аналниот отвор, што овозможува лесен трансфер на бактериите во уринарниот систем, а со тоа и до бубрезите.
Воспаление на бубрезите може да се развие од воспалителни состојби на други делови од телото, како што се пневмонија, воспаление на кр-вните садови, па дури и воспаление на грлото. Инфекциите предизвикани во овие делови од телото може да се пренесат преку кр-вта до бубрезите.
Воспаление на бубрезите – симптоми
Симптомите на воспаление на бубрезите лесно се мешаат со некои други состојби, како што е грипот, поради што само специјалистички преглед и лабораториски наоди можат да утврдат точна дијагноза.
Најчестите симптоми се: заматена или миризлива урина, б олки во грбот во областа на бубрезите, б олка при мокрење, оток на рацете и нозете, присуство на к рв во урината, треска, замор и исцрпеност, губење на апетит, главоболка, вртоглавица.
Симптомите на хронично, нетретирано воспаление на бубрезите вклучуваат: појава на осип на кожата, губење на здив, висок кр-вен притисок, визуелни нару-шувања.
Продолженото нетретирано воспаление на бубрезите исто така може да доведе до откажување на бубрезите што може да биде о-пасно и со трајни после-дици.
Една студија објавена во 2008 година најчесто ја наведува б олката во грбот како еден од главните индикатори на овие типови на болести, а се јавуваат и проблеми со мокрење, кои често вклучуваат печење и црвенило.
Видови на воспаление на бубрезите
Постојат неколку видови на воспаление на бубрезите, во зависност од деловите на системот погодени од болеста. Разликуваме три најчести типа на воспаление на бубрезите: тубулоинтерстицијален нефритис, пиелонефритис, гломерулонефритис.
Како да излекувате воспаление на бубрезите?
Антибиотиците се препишуваат за да се елиминира причината за воспалението. Како што постојат неколку видови на инфекции на уринарниот тракт, така постојат и неколку видови на антибиотици за нивно лекување. Антибиотиците се препишуваат врз основа на претходното искуство. Терапијата се прилагодува по потреба.
Имуносупресиви (кортикостероиди) може да се користат за намалување на негативните ефекти на имунолошкиот систем што ги напаѓа сопствените клетки. Понекогаш се даваат специјални лекови кои нормално ги користат пациентите по тран-сплантација на бубрег. Во најтешките случаи, потребна е дијализа.
Кај помладите луѓе, стапката на успех на третманот е околу 90%, додека кај постарите лица е околу 60%. Воспаление на бубрезите е болест која често се враќа дури и по заздравување.
Воспаление на бубрезите – ди eтa
Кај заболените бубрези, големи количини на супстанции што му ште-тат на организмот и ја влошуваат состојбата на воспаление влегуваат во кр-вта, поради што треба да се избегнуваат. Станува збор за храна што содржи големи количини на натриум, калиум, фосфор, аминокиселини и протеини, затоа е неопходно да се исклучат сол, црвено месо и производи од суво месо, како и зачинета и масна храна од исхраната.
Исто така, треба да се избегнува храна богата со калиум, како што се домати, банани, блитва и грав. Се препорачува кон-сумирање на: пилешко, мисирка, риба и зелен зеленчук.
Неопходно е да се намали внесувањето храна богата со фосфати како што се: млечни производи, јајца, конзервирана храна итн.Газирани сокови, засладени пијалаци и ал-кохол се строго забранети, а се препорачува да се кон-сумираат свежо исцедени сокови и многу вода.
Бубрезите филтрираат од 120 до 150 литри к рв дневно и отстрануваат до два литра отпад и вишок вода. Покрај тоа, тие помагаат во регулирање на кр-вниот притисок и создаваат црвени кр-вни клетки.
Најчеста причина за воспаление на бубрезите е инфекција или имунолошка реакција која ги оште-тува бубрезите. Имунолошка реакција може да се појави на таков начин што антителата го напаѓаат бубрегот или антигенот што се наоѓа во неговите клетки.
Главните симптоми на воспаление на бубрезите кои не треба да ги игнорирате се чувство на кон-фузија и неможност за концентрација, сува и чувствителна кожа, висок кр-вен притисок, анемија, б олка во долниот дел на грбот, оток на нозете и рацете, смрзнатини, губење на апетит, вкус на метал во устата и лош здив, проблеми со мокрење. Ако почувствувате некој од овие симптоми кои траат повеќе од неколку дена, не заборавајте да го консултирате вашиот лекар.
Чај од магдонос
Овој чај е број еден како помошно средство за детоксикација на организмот и се користи како диуретик. Содржи големи количини на флавоноиди, масла, смола, протеини, јаглехидрати и витамини.
Антиоксидансите во магдоносот се одлични за организмот, бидејќи се потребни за да се заштити организмот од ефектите на штет-ните слободни радикали. Така, чајот од магдонос е одличен за чистење на скоро секој дел од телото, вклучително и бубрезите. Се користи за чистење на бубрезите и уринарниот тракт.
Потребни состојки: 3 лимони, 1 чаша сечкан магдонос, 5 парчиња целер, 6 чаши вода, 1 ѓумбир.
Подготовка: Сите состојки се ставаат во блендер, а на крајот се додава вода и се блендира уште малку. Пијте во голтки во текот на денот.
Чај од мечкино грозје
Одлично делува на спречување на ширењето и предизвикување воспаление. Тој е диуретик, што значи дека овозможува чистење на телото и бубрезите преку урината. Чајот од мечкино грозје најчесто се користи за инфекции на уринарниот тракт, но одличен е и за други болести и проблеми.
Влијае на штет-ните микроби кои предизвикуваат воспалителни процеси во мочниот меур и помага да се елиминираат. Предизвикува чувство на олеснување и ги намалува воспаленијата и ири-тациите. Се пие и во голтки, со задолжителна пауза по употреба две недели.
Сок од коприва
Иако често се запоставува, сите делови на копривата се лековити. При берење и сушење, може да се користат сите делови на растението – стебло, лисја, корен и цвет. Природниот сок од коприва се смета за најдобар пијалак за чистење и подобрување на кр-вта, што исто така го регулира високиот шеќер.
Позитивно влијае на цревната перисталтика и го подобрува целокупното варење. Едно од најефикасните својства е позитивниот ефект врз инфекциите на уринарниот тракт и детоксикацијата на организмот. Поради оваа причина, може да се користи како сок за лекување на проблеми со бубрезите.
Потребни состојки: 400 грама млади лисја од коприва (собрани во пролет и есен), 1 литар прочистена вода, 7 лимони, 800 грама кафеав шеќер, 5 лажички мед.
Постапка: Измијте ги лисјата од коприва, ставете ги во сад и истурете вода во која ќе ставите пет исечени лимони. Оставете покриено да отстои 24 часа. Следниот ден изблендирајте ги сите состојки и исцедете ја течноста.
Потоа додајте сок од два лимона и кафеав шеќер. Ставете ја смесата на оган и варете додека да зоврие. Се вари 5 минути. За време на готвењето постојано мешајте. Пената што ќе се појави на површината треба да ја отстраните.
Кога смесата ќе се олади, додајте мед непосредно пред да ја истурите течноста во стаклени тегли. Затворете ги теглите добро и чувајте ги на ладно и темно место. Сокот од коприва направен на овој начин може да трае околу половина година, секако со добро стерилизирани тегли и правилно складирање.
Одлични чаеви кои помагаат во лекување на воспалението на бубрезите се ѓумбир, корен од бел слез, каранфилче и смрека. Од храна, лубениците, сокот од лимон, брусницата и семките од тиква се многу лековити. Внесувајте доволно витамин Б12, Б6 и магнезиум.
Избегнувајте ци-гари, ал-кохол и ко-феин и внимавајте на исхраната за да го одржите кр-вниот притисок и шеќерот на нормално ниво. Пијте многу течности, бидејќи тоа ќе помогне во детоксикација на организмот и одржување на здрава телесна тежина. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска