Според истражувањата, строгите мајки имаат подобри деца и подобро ги подготвуваат за живот и она што ги очекува во иднина. Дали мислите дека вашите родители биле премногу строги кога сте биле дете?
Ако е така, тие веројатно секојдневно ве терале да се фокусирате на вашата иднина, како и редовно да ја чистите вашата соба и секогаш да ги извршувате домашните задачи на време. Многумина пораснавме со строги родители кои правеа да се чувствуваме како да нè казнуваат цело време.
Иако е тешко да се трпи постојаното досадување, експертите тврдат дека строгите родители всушност воспитуваат поуспешни деца. Колку и да мислите дека ви било тешко детството, еден ден ќе и се заблагодарите на вашата мајка за тоа.
Професор на Универзитетот во Есекс спроведе студија во која беа опфатени повеќе од 15.000 деца на возраст од 13 до 14 години во период од 6 години. Студијата покажала дека поуспешните луѓе имале мајки кои барале многу од нив додека растеле.
Децата кои биле посигурни и посамоуверени имале строги мајки со големи очекувања.Тие деца имале поголема веројатност да завршат факултет и да добијат добра работа, без разлика колку тоа звучи нереално.
Децата кои имаат строги мајки во еден период можеби ги чувствуваат за непријатели, но подоцна во животот сфаќаат дека тоа го правеле за нивно добро. Порано или подоцна, ќе сфатите дека мајка ви ве воспитала правилно и дека добро ве подготвила за она што доаѓа во животот.