Home ТЕСТО Спирални погачици кои се кинат на конци – меки како душа

Спирални погачици кои се кинат на конци – меки како душа

<

🥐 Спирални погачици кои се кинат на конци – меки како душа

Домашни спирални погачици што се разлистуваат и се кинат на конци. Совршено меки, ароматични и лесни за подготовка.

Овие спирални погачици се вистински пример за совршено домашно печиво – меки, воздушести и богато разлистени, така што буквално се кинат на конци.

Благодарение на техниката на премачкување со путер и преклопување во форма на плус, се добиваат слоеви какви што најчесто ги среќаваме само во добра пекарница.

Рецептот е прецизен, проверен и идеален и за почетници и за поискусни домаќинки, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Спирални погачици што се кинат на конци – меки како душа и повкусни од пекарничките 🥐

🧾 Потребни состојки

За тестото:
• 2 чаши млака вода (1 чаша = 200 мл, вкупно 400 мл)
• 5 г сув квасец (½ пакетче)
• 70 г путер, растопен
• 2 лажици шеќер
• 1 лажичка сол
• околу 5 чаши брашно (5 × 200 мл, приближно 600 г)

За премачкување на тестото:
• 100 г мек путер (на собна температура)

За премачкување одозгора:
• 1 жолчка од јајце
• 1 лажица млеко
• НМД

Спирални погачици кои се кинат на конци – меко, слоевито печиво со путер. Прецизен и проверен рецепт со детална постапка.

👩‍🍳 Начин на подготовка

1. Во подлабок сад сипете ја млаката вода, додајте го сувиот квасец и шеќерот, па измешајте додека целосно да се раствори.

2. Додајте го растопениот путер и солта, па постепено додавајте брашно и замесете меко, мазно тесто кое не се лепи за раце.

3. Тестото поделете го на 16 еднакви делови и оформете топчиња. Покријте ги и оставете ги да одморат 10 минути.

4. Секое топче развлечете го во издолжена овална кора. Земете две кори и поставете ги прекрстено едно преку друго, во вид на знак плус (+), и секое премачкајте го со мек путер.

5. Преклопете ги според постапката (како на видео), прво страните на долната кора преклопете ги кон средината, па другата кора и оформете пакетче и ставете го во фрижидер да одмори 20 минути.

6. По одморањето, секое парче развлечете го во правоаголна кора, свиткајте во ролна, лесно истегнете, засучете ја малку да се издолжи и оформете спирална плетенка.

7. Наредените погачици ставете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете ги да киснат уште 20 минути.

8. Премачкајте ги со мешавина од жолчка и млеко.
9. Печете во претходно загреана рерна на 180 °C, околу 25–30 минути, додека да добијат убава златножолта боја.

💡 Корисен совет

Ако сакате уште побогат вкус, при виткањето можете да додадете ситно рендан кашкавал или сирење, но и без додатоци погачиците се исклучително меки и ароматични. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

https://www.facebook.com/share/r/1BMsLjzykU/?mibextid=wwXIfr