Во текстот ќе прочитате: кои се предностите од носењето чорапи во текот на спиењето и зошто некои луѓе преферираат да спијат со боси нозе, што тоа говори за нивниот психолошки карактер; каков е механизмот на терморегулацијата на телото и која е најдобрата техника со која полесно ќе заспиете.
Спиењето е важен дел од животот на секоја индивидуа и клуч за нормалното функционирање на мозокот и целиот организам. Повеќето луѓе минуваат една третина од денот спиејќи, а многумина спијат со чорапи.
Имено, телото воспоставува соодветна терморегулација во организмот и на тој начин правилно функционираат мозокот и телото. Спиењето со чорапи е исто така корисно бидејќи ни помага побрзо да заспиеме и да му обезбедиме на телото доволно количество топлина околу 4 часот наутро, во времето кога температурата на телото е најниска.
Затоплувањето на нозете и рацете влијае на проширување на кр-вните садови. Во исто време, нашиот организам добива информации дека е време за спиење.
„Загревањето на студените стапала предизвикува проширување на кр-вните садови, што му кажува на мозокот дека е време за спиење. Како што кр-вните садови се шират на рацете и нозете, топлината се распределува рамномерно низ целото тело и го подготвува за спиење“, соопшти Националниот институт за здравство.
Според некои истражувања, луѓето кои носат чорапи заспиваат 15 минути порано отколку оние кои спијат боси, па дури и традиционалната кинеска медицина го поддржува таквиот став. На просечен возрасен човек му се потребни од седум до девет часа сон. Недостаток на сон го зголемува ризикот од намалена концентрација и негативно влијае на меморијата и расположението.
На долгорочен план, недостатокот на сон ги зголемува шансите за развој на срцеви заболувања, депресија и дебелина. Од слични причини, спиењето со чорапи придонесува за спречување на нападите кои ги пратат оние кои боледуваат од Рејнов синдром и појава на топли бранови кај жените во менопауза.
Рејновиот синдром е состојба во која делови од телото, како прстите на рацете или нозете, стануваат ладни и вкочанети на допир, што е реакција на ниски температури или слаба циркулација/стрес. Научниците велат дека кога спиете со чорапи, треба да обратите внимание на неколку работи.
Како прво, поради бактериите, треба да избегнувате да легнувате во кревет со чорапите кои сте ги носеле во текот на денот. Исто така, треба да одржувате редовна хигиената на стапалата, да ги измиете и да ги исушите добро пред спиење. Чорапите треба да бидат изработени од природни материјали и да не бидат премногу дебели.
Некои луѓе не можат да заспијат без чорапи на нозете, и тоа не е толку неразумна навика. Затоплувањето на рацете и нозете предизвикува проширување на крвните садови, а тоа ослободува топлина низ целото тело. Сето ова, доведува до испраќање порака до мозокот дека е време за спиење. Некои истражувања покажаа дека топлата кожа е поврзана со побрз и поквалитетен сон.
Појавата на сон и будност е тесно поврзана со промените во температурата на телото. Промените во температурата на кожата влијаат на можноста за заспивање и одржување на нивото на сон, велат американските национални институти за здравство. Ако одлучите да спиете со чорапи на нозете, задолжително користете чисти чорапи, а не оние што сте ги користеле во текот на денот.
Постои и теорија дека е подобро да спиете боси, па останува на вас сами да одлучите што е најдобро за вас. Некои луѓе не можат да заспијат ако имаат чорапи на нозете затоа што им е премногу топло.
Имено, температурата во нашето тело природно се намалува како што заспиваме, што го забрзува процесот на заспивање, па затоа и квалитетот на сонот е подобар во поладни услови. Стапалата содржат потни жлезди кои се одговорни за ладење на телото.
Ако на телото му е премногу топло за време на спиењето, сигналите кои се пренесуваат од мозокот и жлездите на стапалата испраќаат знак дека е време да се разбудите – меморијата почнува да работи, телото станува поактивно… Ова го нарушува спиењето, се будиме, се вртиме и ни е тешко да заспиеме повторно.
Покрај намалувањето на телесната температура, спиењето со чорапи ќе ви помогне метаболизмот да работи побрзо. И доколку метаболизмот работи побрзо, килограмите согоруваат побрзо и се акумулираат поспоро. Идеална температура за место за спиење е помеѓу 16 и 18 Целзиусови степени.
Механизмот за тоа како топлите стапала придонесуваат за побрзо заспивање може да се објасни со фактот дека чувството на топло стапало е пријатно, периферната циркулација е зголемена бидејќи топлината ги проширува кр-вните садови и го намалува протокот на кр-вта низ централниот нервен систем, кој потоа добива информации што му пренесуваат да се релаксира и побрзо да заспие.
Д-р Бранислав Шилиќ, специјалист по семејна медицина забележува дека здраво возрасно лице, кое нема нарушувања на циркулацијата и други болести кои ја нарушуваат циркулацијата, брзо го компензираат студот со својата терморегулација, односно рамнотежата помеѓу создавањето и ослободувањето на телесната топлина од центарот во хипоталамусот, кој прима температурни информации од сите делови на телото.
Исклучок се луѓето кои имаат понизок праг на чувство на студ и пациенти кои имаат болести на периферни кр-вни садови, така што нивните нозе се поладни затоа што се наоѓаат најдистално и кр-вта се лади со загревање на ткивата на патот до нив.
Втората група се пациенти кои имаат оштетување на периферните нерви, особено оние за сензибилитет, па постојано имаат чувство на студени нозе, иако тие нормални температури се од 36 до 37 степени Целзиусови и затоплувањето нема да им помогне – вели Бранислав Шилиќ.
Некои не можат да заспијат ако чорапите не им се на нозе затоа што им е ладно, а други не можат со нив затоа што им е топло. Постои теорија дека ова може да се однесува на психолошка состојба, а не секогаш директно на топлината или студот на телото, тврдат психолозите.
Оние кои заспиваат со чорапи навистина се чувствуваат ладно, иако не е ладно во просторијата. Ова може да биде поврзано со различни физички аспекти како што се дебелината на кожата и бавниот метаболизам. Но, спиењето со чорапи е исто така одраз на психата.
Луѓето кои во никој случај не можат да заспијат без чорапи на нозете, обично имаат потреба да бидат заштитени, сакаат да останат на удобни места и секогаш настојуваат да воспостават длабоки и многу интимни односи со другите. По природа се нежни, најсреќни се во нечија прегратка и не им пречи да го споделуваат својот личен простор со други луѓе.
Додека пак оние кои сакаат да спијат без чорапи чувствуваат дека чорапите ги прави да се чувствуваат непријатно и им е потешко да заспијат. Физички, ова укажува на брз метаболизам, добра циркулација и подебела кожа. Но, гледајќи ја нивната психа, тие се многу независни и заштитнички настроени кон другите.
Трикот за да заспиете брзо
Д-р Ендру Вејл, лекар образуван на Харвард, е одличен поборник за техниката на дишење 4-7-8 што ги релаксира мускулите и го чисти умот и се заснова на прастара индиска пракса. Оваа техника докажува дека што повеќе кислород влегува во белите дробови, а со тоа и во целото тело, тоа се релаксира и ни помага за подобро заспивање. Д-р Вајл ја препорачува оваа техника, не само пред спиење, туку и во текот на денот кога сме под стрес.
Оваа техника е многу лесна за изведување и лесна за паметење, а ќе ви бидат потребни само неколку секунди да ја изведете. Откога ќе ја изведете, ќе се чувствувате многу релаксирани како вашето тело да лебди.
Вдишете длабоко преку носот, а потоа издишете целосно преку устата. Затворете ја устата, вдишете го воздухот тивко преку носот и започнете да броите до четири во вашиот ум. Задржете го здивот броејќи до седум. Издишете го воздухот целосно преку устата и оставете го процесот да трае осум секунди. Вдишете и повторете го циклусот трипати, вкупно четири вдишувања.
Кога одиме да спиеме во волнени чорапи, нашето тело има можност да воспостави соодветна термичка регулација во текот на ноќта, и на тој начин се воспоставува хармонија во меѓусебното функционирање на мозокот и другите делови од телото.
Според традиционалната кинеска медицина, носењето волнени чорапи поттикнува правилен проток на животна енергија, што кинеските експерти ја нарекуваат енергија на Чи и спречува таа енергија да се врати назад во нашите нозе.
Спиењето во волнени чорапи ни помага побрзо да заспиеме. Пријатно чувство на топлина на стапалата, кое го даваат волнени чорапи, спречува појава на ноќно потење и топли бранови на жени во менопауза.
Волнените чорапи помагаат да се задржи природната влага на стапалата, особено во текот на зимата, а тоа спречува сушење и пукање на кожата на нозете, особено ако нанесеме малку хидратантен крем на нозете пред спиење.
Во волнените чорапи, не само што нема да имате проблеми со потење на стапалата, туку имаат и антибактериско дејство, кое исклучува појава на бактериски, па дури и габични инфекции на стапалата. Кога станува збор за спиење во волнени чорапи, единственото нешто за што треба да се грижите е да избегнувате носење чорапи што сте ги носеле во текот на денот. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска