Брчките се неизбежен дел од животот, нивната појава не може да се спречи, но може да се одолжи и да се превенираат да не се појават рано во текот на животот. Некои навики придонесуваат за превенирање на брчките како што е добриот и квалитетниот сон, но спиењето на еден одреден начин може да предизвика брчки.
Најчеста грешка е спиењето на страна или стомак. Овие пози се многу удобни и ова е чисто психолошки момент, кој дава чувство на сигурност, како резултат на што телото се смирува и вие заспивате.
Сепак, овие позиции го претвораат вашиот ноќен одмор од 6 (па дури и 8) часа во постојан притисок врз внатрешните органи, истегнувајќи ја кожата, што пак предизвикува утрински оток и брчки на лицето.
Како да препознаете дали вашите брчки и отоци се резултат на лош сон
Првите брчки за време на спиењето почнуваат да се формираат во младоста – на почетокот, ова се само брчки кои исчезнуваат во рок од 2 часа по будењето. По 30-35 години, ваквите брчки не исчезнуваат и стануваат изразени брчки, а со возраста тие само се зголемуваат. Затоа е многу важно да следите како (и што е најважно) на што спиете.
Истото се случува и со едемот – по долг сон „лице до перница,“ одливот на лимфата е нарушен. И ако кр-вта не може да циркулира правилно, тогаш има стагнација во лабавите ткива што се наоѓаат на лицето, особено околу очите и придонесува за појава на брчки.
Како да се избегне појава на брчки и оток за време на спиењето?
Како што споменавме погоре, најефикасниот начин за спречување на брчки при спиење е да спиете на грб. Исто така, овој проблем може да се реши со соодветна анатомска перница.
При избор на постелнина, обратете внимание на навлаката за перницатата да има малку вдлабната површина за главата во центарот, што ќе ви помогне да го продолжите спиењето на грб, како и на специјалните засеци по рабовите, кои е потребно да бидат колку е можно понежни.
Ова е тоа што ќе ви помогне да ја заштитите нежната и чувствителна кожа на лицето додека спиете на страна или на стомак, ако не сте подготвени да ја промените положбата на спиење.
Друг важен елемент е специјалната навлака за перница која е направена од природна свила. Поради својата мазна и нежна текстура, материјалот не остава траги врз кожата и го намалува триењето, спречувајќи појава на брчки. Природната свила е одличен помагач во бор-бата против акните, егземата и другите дерматолошки проблеми.
5 најголеми заблуди во негувањето на кожата на лицето – вака не се отстрануваат брчките и не се лекуваат акни
I ЗАБЛУДА: Брчките може да се отстранат со посебни вежби за лице
Ова не само што не е точно, туку некои од вежбите за мускулите на лицето може да предизвикаат нови брчки. Наместо тоа, практикувајте лесна масажа на лицето додека нанесувате хидратантен крем и ќе ја стимулирате циркулацијата. Најдобра е рачната масажа за поттикнување на микроциркулацијата.
II ЗАБЛУДА: Пастата за заби може да го намали отокот од мозолчињата
Иако пастата ја лади кожата и може привремено да го намали отокот, не се препорачува да се нанесува на лицето бидејќи може да предизвика иритација. Пастата за заби е наменета за заби и ништо повеќе.
III ЗАБЛУДА: Изложеноста на сончевите зраци го чисти лицето од акните
Кога ќе добиете боја од сончање во текот на летото, тоа дефинитивно ќе го прикрие црвенилото на акните. Сонцето, сепак, нема да го намали нивното ширење, бидејќи ја суши масната кожа, која потоа како одговор станува уште помасна и се појавуваат нови акни. Дополнително, од УВ зраците може да се добијат и темни дамки кои понатаму тешко ќе можете да ги отстраните.
IV ЗАБЛУДА: Честото миење е добро за кожата на лицето
Честото миење може да биде штет-но за вашата кожа исто како и недоволното миење на лицето. Кога често се миете, а потоа бришете со крпа, ги отстранувате заштитните масни слоеви на кожата и со тоа ја изложувате на разни ризици.
V ЗАБЛУДА: Не е потребно да ставаме крем за сончање ако сме во канцеларија цел ден
Дури и ако сте внатре цел ден, сепак треба да го заштитите лицето со крем за сончање. Прозорот блокира некои штет-ни УВ зраци, но не сите. Како што веројатно знаете, преголемата изложеност на нив може да доведе до брчки, сончеви дамки, но и рак на кожата.
Кожата е најголемиот орган и треба посебно да се води нега и грижа за неа. Најчести проблеми што се појавуваат на лицето се акните, брчките и стареењето на кожата. Сите овие проблеми може да се решат со одредени додатоци. Ова мора да биде на списокот на задолжителни работи по 40-та година од животот ако сакате да имате здрава и сјајна кожа:
Витамин А
Овој витамин ќе помогне да се осветлат дамките и да се изедначи тенот. Исто така, витаминот А е ефикасен во лекувањето на акните, бидејќи го намалува лачењето на маснотии. Ретиноидите (деривати на витамин А) имаат својства против стареење, а покрај тоа, го намалуваат и црвенилото.
Витамин Ц
Го зајакнува имунитетот, помага во подобрување на здравјето на кожата. Витаминот Ц делува како антиоксиданс, ја штити кожата од негативните ефекти на слободните радикали и УВ зрачењето. Додатоците на витамин Ц ќе ви помогнат доколку имате нерамномерен тен или лузни на лицето, но исто така ќе промовираат зараснување на ра-ните.
Колаген
Колагенот е протеин кој се наоѓа во кос-ките, сврзното ткиво и кожата. Со текот на годините, синтезата на колаген се намалува, што доведува до стареење на кожата, па затоа е многу важно да се надомести оваа загуба со употреба на додатоци. Колагенот значително влијае на отстранување на знаците на стареење.
Магнезиум
Магнезиумот помага во нормализирање на нивото на кортизол, ги намалува акните, осипите и другите иритации на кожата. Ако имате воспалителен процес на лицето, најдобро е да пиете магнезиум.
Омега 3 масни киселини
Овие масни киселини го одржуваат младешкиот и сјаен изглед на кожата. Прво се препорачуваат за луѓе со сува кожа и кожа склона кон акни.
Витамин Е
Тој е моќен антиоксиданс кој ја штити кожата од слободни радикали и УВ зрачење. Тој е одличен сојузник за луѓе кои страдаат од егзема и псоријаза, како и за луѓе со екстремно сува кожа.
За оваа маска велат дека е чудотворна: Ја исхранува и затега кожата, ги брише и најдлабоките брчки, а се прави само од 3 состојки
Рецептот е прилично едноставен, а резултатите ќе ве воодушеват. Оваа маска е совршена за зимскиот и летниот период кога кожата треба да биде длабоко исхранета и да се врати нејзиниот сјај.
Студеното време ја суши кожата, затоа е потребно правилно да се грижите за неа и да се заштитите од сите штет-ни надворешни влијанија, а сите состојки во оваа маска имаат корисен ефект врз кожата.
Потребни состојки: 1 зелено јаболко, 2 лажици млеко, 1 лажица мед.
Постапка: Исечкајте го јаболкото на мали парчиња, ставете во блендер, додајте го млекото и медот и изблендирајте.
Нанесете ја маската на исчистеното лице, оставете ја да делува 20 минути, а потоа исплакнете со вода. Нанесувајте ја оваа маска еднаш неделно и ќе забележите како вашата кожа станува поцврста и посјајна. Оваа маска е погодна за сите типови на кожа.
Добро е познато дека млекото е корисно за кожата, поради витамините А и Е, кои го одржуваат младешкиот изглед на кожата, млечните маснотии кои и даваат влага и минералии и ензими кои овозможуваат мекост.
Медот содржи супстанции кои делуваат на кожата антивоспалително. Витамините, ензимите и аминокиселините го олеснуваат воспалението и ја чистат проблематичната кожа, а во исто време ја хранат и спречуваат да се исуши поради изложеност на надворешни фактори.
Колку што јаболкото е добро во исхраната, толку е добро и за кожата. Богато е со витамини, особено А, Ц и Е, кои го штитат организмот од слободните радикали одговорни за стареењето на кожата.
Покрај тоа, јаболката содржат пектин кој ја смирува и омекнува кожата, малеинска киселина која делува како пилинг, а благодарение на кверцитинот, јаболката имаат антиоксидативно дејство. Покрај тоа, ги штитат капиларите од пу-кање и ја стимулираат нивната микроциркулација. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска