Кој и да имал уринарна инфекција знае колку таа може да е болна и упорна. Постојана болка и потреба за често мокрење иако не успевате, прострелна болка и притисок.
И откако ќе успеете да се измокрите, чувтсвото е изразено болно. Но, некои природни антибиотици можат ефикасно да помогнат кај воспаленија на мочниот меур.
Секоја петта жена секоја година добива воспаление на мочниот меур, а секоја втора жена барем еднаш во животот. Инфекцијата ја предизвикува бактеријата ешерихија коли. Во повеќето случаи болеста сама поминува, но на лекар мора да се појавите доколку имате симптоми на циститис:
-имате потреба за мокрење на секои 10 минути
-многу болно пецкање при мокрењето
-симптомите траат подолго од 36 часа и после примена на домашна терапија
-ако забележите крв на исцедокот или во урината
-болки во грбот
-треска или покачена телесна температура
За да се ослободите на природен начин од досадната ешерихија коли, применете го еден од најпопуларните природни антибиотици со кој уште после првата терапија би требало да се елиминира овој неугоден проблем.
Иако повеќето бактерии знаат понекогаш да се вратат како бумеранг, некои природни лекови ова успеваат да го спречат. Кога ќе се здружат 4 природни состојки, секоја со свое благотворно дејство, се добива моќен лек кој проверено помага и кај оние кои со години мака мачат со овој проблем.
РЕЦЕПТ ЗА ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК
Измешајте во еднаков сооднос корен од магдонос, лимон, мед и маслиново масло. Со своето моќно антибиотско и антивирусно дејство, оваа смеса ќе ја отстрани досадната бактерија.
Потребни состојки:
250 г корен од магдонос
250 г лимон со кора
250 г мед (најдобро од жалфија)
200 мл маслиново масло
Постапка:
Коренот од магдонос и лимонот со кора потребно е ситно да се исечкаат, а потоа сите состојки, вклучително и медот и маслиновото масло да се сомелат во блендер. Смесата складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.
Употреба: Секое утро се коснумира по една супена лажица. Отако ќе се потроши целата смеса и направете проверка, би требало да ја нема бактеријата.
Напомена: Медот е добро да се набави кај проверен пчелар, а лимонот да биде органски, непрскан. Доколку сепак лимонот го купите, тогаш истретирајте го во раствор од вода во која сте додале малку сода бикарбона. Коренот од магдонос е исто така, потребно добро да се измие и да отстои во раствор со сода бикарбона.