Жолтиот кантарион е повеќегодишна билка за која одамна се смета дека е лек за 99 болести. Распостранет е речиси на целата териоторија на Македонија. За лек се користат цветчињата и пупките и се бере со срп или ножици за да не се оштети коренот.

кантарионово масло

Се суши во проветна просторија во тенок слој, со повремено превртување или врзано во снопче и закачени на провев. Вештачко сушење се изведува на температура до 40°С. Билката е целосна сува кога ќе стане лесно кршлива и обично процентот на сува материја достигнува 28-29%. Сувиот кантарион се чува на суво и темно место до три години.

МЕДИЦИНСКИ СВОЈСТВА

Кантарионот успешно се користи во фармакологијата. Тој е дел од разни антиинфламаторни и антимикробни лекови, како и лекови кои го подобруваат дигестивниот и кардиоваскуларниот систем.

Кантарионот најчесто се зема орално во форма на инфузии. Во случај на инфекција на усната шуплина и настинки со чај приготвен од кантарион и жалфија исплакнете ја устата, а во случај на воспаленија на кожата се користи во вид на масла, лосиони и облоги. Тинктурата од кантарион е ефикасна како компресија за затоплување при болки во зглобовите и мускулите.

ПРИМЕНА ВО МЕДИЦИНА

Кантарионот најчесто се користи кај болести на дигестивниот тракт. Има спазмолитично дејство врз мазните мускули, ја нормализира секреторната функција на гастричните жлезди, има тоничен ефект врз жолчните канали, ги шири кр-вните садови, ја зголемува циркулацијата на кр-вта, има адстрингентно, бактериостатско и антиинфламаторно дејство врз мукозните мембрани на дигестивниот тракт.

Лековито масло од кантарион, ајдучка трева и жалфија

Употребата на кантарион е ефикасна кај: жолчни дискинезии; хепатитис; стагнација на жолчката во жолчното кесе; холециститис; камења во жолчка; хипоциден гастритис; гасови; акутен и хроничен колитис; едноставна и кр-вава дијареја; хемороиди.

Кантарионот се користи за лекување на воспаление на бубрезите и мочниот меур: има способност да ги отстрани вишокот течности од телото.

Препаратите од кантарион ги ублажуваат спазмите на кр-вните садови, ја подобруваат венската циркулација и снабдувањето со к-рв во внатрешните органи. Кантарионот се применува и за нарушувања на периферната циркулација со стагнација и нарушувања во микроциркулацијата.

Кантарионот најчесто се користи за подготовка на инфузии: 1,5 лажици сува билка кантарион прелијте со 200 мл врела вода, оставете поклопено 30 минути, процедете и пијте 1/3 чаша (60 мл) трипати на ден пред јадење за гастритис, циститис, колитис, камења во жолчката, главоболка.

Билката има својства на фотосензибилизација кои се неопходни за третман на депигментација кај состојби како што е витилигото.

Кантарионот е ефикасен кај нарушувања на нервниот систем, невродистонија, мигрена и ноќна инконтиненција кај деца. Билката се користи како антидепресив кај неврози и несоница.

Кога се применува локално, кантарионот има антиинфламаторни, адстрингентни, реставративни и бактериостатски својства. Маслото од кантарион успешно се користи кај: изгореници; гингивит; питиријаза на лицето; длабоки рани.

Инфузијата на кантарион е корисна за плакнење со гингивит и стоматитис, како и за третман на воспалено грло, тонзилитис и други воспалителни болести на грлото и горниот респираторен тракт.

Одвар од кантарион се користи за гаргара. 2 супени лажици билки прелијте со 400 мл врела вода и оставете поклопено 30 минути. Со одварот се олакне устата 3-4 пати на ден.

Препаратите од кантарион се широко користени во гинекологијата. Тие го стимулираат почетокот на менструацијата и го олеснуваат предменструалниот синдром. Вагилети приготвени со кантарион помагаат во решавање на ваги-нални инфекции.

Кантарионот се користи за губење на вишокот тежина. Се користи како инфузија или како чај за слабеење. Употребата на кантарион го подобрува варењето, го отстранува вишокот течности и го намалува апетитот.

Контраиндикации: индивидуална нетолеранција; фитодерматитис; тешка депресија која мора да биде следена од доктор специјалист.

Кантарионот може да го зголеми кр-вниот притисок, па затоа пациентите со хипертензија треба да го користат со претпазливост. Во големи дози, кантарионот може да има токсични ефекти врз црниот дроб и некои други органи. Затоа, текот на третманот со лекови базирани на кантарион треба да биде ограничен и да се спроведува под надзор на лекар.

Кантарионот реагира доста силно со некои лекови. Истовремената употреба на кантарион со антидепресиви може да доведе до вртоглавица, мигрена, вознемиреност. Кантарионот исто така ја намалува ефикасноста на многу антибиотици и ги зголемува нивните несакани ефекти.

Кантарионот не се препорачува за време на бременоста. Компонентите содржани во растението предизвикуваат интензивни контракции на матката и може да доведат до спонтан а-бор-тус. Покрај тоа, лековите базирани на кантарион го зголемуваат кр-вниот притисок, што е исто така опасно за мајката и фетусот.

Кога доите, исто така треба да се воздржите од третман со лекови кои содржат кантарион. Билката дава горчлив вкус на мајчиното млеко и може да предизвика несакани ефекти кај бебето. За време на бременост и лактација е дозволено само надворешно користење на кантарион во форма на масти, облоги, плакнење, миење.

Кантарионот ги ублажува симптомите на депресија и помага полесно да заспиеме

Кантарионот го спречува разградувањето на серотонинот, хормон одговорен за добро расположение – откриваат најновите истражувања. Кантарионот или Бородична трева одамна е познат како лековита билка која се користи за третирање на различни болести.

Расте на ливади, пасишта, камени места, а цвета од мај до август, во зависност од поднебјето. Може да достигне и висина од 60 см, има специфичен мирис, горчлив вкус, а изобилува со железо, етерични масла, смола, каротен, колином и витамин Ц. Последните години кантарионот станува сè попопуларен за ублажување на симптомите од деп-ресија.

Имено, постојат бројни научни истражувања кои потврдуваат дека хиперфоринот, важна состојка во кантарионот, го спречува разградувањето на серотонинот, хормон одговорен за добро расположение. Благодарение на тоа, оваа моќна билка ги ублажува симптомите на деп-ресија и позитивно влијае врз состојбата на нашиот дух.

Кантарионот особено помага кај проблеми со несоница. Од кантарионот е изолиран мелатонинот кој се лачи во организмот во текот на спиење, па затоа оваа билка може да се користи и како ефикасен, а природен лек против несоница, инсомнија, односно кога имаме нарушување во сонот.

Покрај тоа, кантарионот дава добри резултати во лекувањето на гастритис, чир на желудник, болести на бубрег, црн дроб, слезина и мочен меур, изгор-еници, хемороиди…Исто така, треба да се напомене дека хиперцинот, најзначајната активна компонента во кантарионот со најголем број лековити својства.

Хиперцинот спречува развој на бактерии и вируси и други патогени микроорганизми, и на тој начин ги смирува воспал-ителните процеси во организмот. Кантарионовите препарати ги има многу и во различни форми. Може да се пие како чај, масло, таблети, па дури постојат и вагиналети.

Чајот од кантарион е одличен за санирање на воспалителни болни состојби на внатрешните органи.

Ако на пакувањето не е поинаку назначено, чајот од кантарионот се приготвува на следниот начин: една лажичка сув цвет од кантарион се прелива со 200 мл зовриена вода. Поклопено се остава да отстои барем 10 минути и се пие незасладено неколку пати во текот на денот.

Од друга страна, лековито масло за надворешни повреди се приготвува на следниот начин: четири големи лажици цветови кантарион оставете ги во тегла еден ден колку малку да овенат. Потоа прелијте ги со еден литар маслиново масло и оставете ја теглата да отстои шест недели.

Со ова масло се мачкаат хемороиди, егземи, осипи и други кожни проблеми. Кантарионот е добар и за варење, како додаток на белото ви-но: 40 г цветови од кантарион се прелива со литар квалитетно бело ви-но и се остава да отстои на топло место еден месец.

Потоа едноставно процедете го и пијте по по една мала чашка, двапати во денот пред јадење. Некои студии укажуваат на тоа дека кантарионот спречува и развој на мали-гни клетки, но ова дејство сè уште не е клинички потврдено.

Богородичната трева, како што е позната кај народот, е најделотворна во лекувањето на проблемите со црниот дроб и жолчната кеса, но, најдетално е испитано нејзиното дејство врз деп-ресијата.

Клинички е докажано дека кантарионот може значително да го поправи расположението и да ги намали деп-ресивните состојби. Го намалува чувството на исцрпеност, умор и безволност. Помага и кај фобии и пореметување на спиењето.

Успешно се користи и кај луѓе кои имаат потешкотии со спиењето и концентрацијата, а се препорачува и за жени во менопауза. Во овој случај најчесто се користи чај или тинктура.

Антидепресивното дејство настапува постепено и после две седмици се забележуваат промените. Тинктурата против депресија можете да ја приготвите од 20 г свежо исушени цветови. Прелијте ги со 100 мл 70% ал-кохол (се купува од аптека).

Оставете да отстои најмалку две седмици, а потоа процедете. Употреба: од 20 до 30 капки во половина чаша вода, 2-3 пати дневно. Терапијата треба да трае од четири до шест седмици, но пред користење посоветувајте се со вашиот лекар, особено ако имате тешки проблеми со анксиозност.

За чај против депресија: една до две лажички сув кантарион оставете да отстои во чаша врела вода 10 минути. Наутро и навечер се пие по шолја чај. За подобри резултати чајот треба да се пие од 4 до 6 седмици секојдневно. Напомена: Овој чај не се препорачува за трудници.