Совршено кремаста ОСВЕЖИТЕЛНА САЛАТА СО КРАСТАВИЦИ… Идеална за топлите денови…Може да биде и оброк. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 чешниња лук
1/2 краставица
190 г варена леќа
150 г цврст јогурт или кисела павлака
250 г крем сирење
рендана кора од 1 лимон
1 главица кромид (виолетов)
1 китка копар

ПОСТАПКА:

1.Лукот излупете го, па целите чешниња испржете ги во масло на тивок оган, а потоа испасирајте ги со вилушка.

2.Краставицата исечкајте ја ситно, па ставете ја во сад и додајте го лукот, сварената и процедена леќа, како и јогуртот, крем сирењето, ренданата кора од лимон и ситно сечканиот кромид.

3.Зачинете со сол и црн пипер, па добро измешајте. На крај додајте ситно сечкан копар и промешајте уште еднаш. Постапката погледнете ја ОВДЕ.