I РЕЦЕПТ: Се топи во уста: Рафаело колач готов за 20 минути
Љубителите на кокос ќе уживаат. Многу лесен колач, може да го изедете без грижа на совест. Рецептот е класичен, ќе се изненадите дека вкусшност е едноставен, а добивате еден таков кремаст и нежен колач, на кој најмногу ќе му се израдуваат љубителите на кокосот.
Потребни состојки: 6 белки, 150 г шеќер, 100 г брашно, 150 г кокос, 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажичка оцет, 200 мл врело млеко за преливање на кориата кога е готова.
За фил: 800 мл млеко, 3 лажици шеќер, 6 жолчки, 3 лажици брашно, 2 пудинг од ванила (80 г), 200 г путер/маргарин, 150 г шеќер во прав и околу 50 г кокос за наросување.
Постапка: рерната загрејте ја на 200 степени. Белките изматете ги добро па додајте го шеќерот и матете со миксер додека да се растопи. Потоа додајте брашно, кокос, прашок за печиво и лажичка оцет и матете со најспора брзина или со лажица за да се соединат состојките.
Смесата излејте ја во плех (со средна величина) намастен со путер. Ставете да се пече во загреана рерна и нека се пече неколку минути на 200 степени, а потоа намалете на 180 степени и печете уште приближно 15-20 минути. Топлата кора рамномерно прелијте ја со една чаша врело млеко и оставете да излади.
За фил: измешајте 80 г прашок за пудинг, 3 лажици брашно, 3 лажици шеќер, 6 жолчки и околу 200 мл млеко (одземено од тие 800 мл). Остатокот од млекото, 600 мл ставете го на оган да зоврие.
Смесата со жолчките и пудингот добро изматете ја да нема грутки и додадете во врелото млеко со постојано мешање додека да згусне. Филот оставете го да излади. Потоа постепено додавајте го во пенасто изматен путер со шеќер.
Филот нанесете го врз кората, одозгора наросете кокос и колачот оставете го на ладење во фрижидер неколку часови или најдобро преку ноќ. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ: Брзи рафаело топчиња од пудинг и кокос – сите деца ги сакаат / Фотографија и рецепт на Сања Милојевиќ – Рафаело топчиња.
Мислам дека сите деца го сакаат овој колач. Јас ги направив без лешник и бадем, а доколку сакате вие можете да ставите во средината од секое топче.
Потребни состојки: 200 мл слатка павлака, 100 мл млеко, 1 кесичка пудинг од ванила, 4 лажици шеќер во прав, 100 г кокос и + 50 г за валкање на бомбиците и 1 кесичка ванилин шеќер.
Постапка: ставете ја слатката павлака на оган, а во млекото разматете го прашокот за пудинг со 2 лажици шеќер во прав. Кога доволно ќе се загрее павлака, пред зовривање, во тенок млаз додајте го разматениот пудинг и со постојано мешање варете додека да се згусне.
Тргнете го пудингот на страна и веднаш додека е топол во него додајте 100 г кокос и добро промешајте. Оставете ја смесата да се олади на собна температура со повремено промешување, а потоа оставете ја во фрижидер два часа.
По изминатото време, во една чинија ставете 50 кокос и промешајте го со една кесичка ванилин шеќер. Извадете ја смесата од фрижидер, додајте 2 лажици шеќер во прав, па добро промешајте додека да се изедначи и соедини.
Со помош на лажица земајте од смесата, обликувајте топчиња, валкајте ги во кокосот и редете ги на тацна. По желба може да ставате по еден лешник во секое топче. Оставете ги бобиците еден час во фрижидер пред послужување.