Совршени облачиња од гриз…Најмеките кнедли за супа што ќе ги обожавате…
Ништо не ја прави супата повкусна од домашни, меки и воздушести кнедли што се топат во уста!
Овој рецепт е едноставен, брз и гарантира совршени резултати секој пат, пишува НМД.
Следете ги чекорите и уживајте во топол оброк што ќе ве стопли и во најстудените денови. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 1 јајце
– 4-5 лажици гриз (по потреба и малку повеќе)
– 1 лажица масло
– ½ лажичка зачин (на пр. Вегета)
– На врв од лажичка прашок за печиво
– НМД
Постапка:
Во чинија, со виљушка изматете го јајцето додека да стане пенесто. Додајте го маслото, зачинот и прашокот за печиво, па добро промешајте.
Постепено додавајте го гризот (4-5 лажици), мешајќи додека да добиете густа, но не премногу збиена смеса. Оставете ја да отстои 5 минути.
Во меѓувреме, загрејте ја супата да врие благо. Натопете лажичка во супата (за да не се лепи смесата), земете мал дел од смесата и со 2-3 нежни движења спуштете ја во супата.
Повторете додека да ја потрошите смесата. Поклопете ја супата и варете уште 5 минути на тивко.
Совети:
– Смесата не треба да биде прегуста – идеално е да биде малку леплива, но лесно да се обликува со лажичка.
– Ако сакате поголеми кнедли, користете поголема лажичка, но внимавајте да не ги преполните – тие набабруваат при варењето.
– За екстра вкус, додајте малку ситно сечкан магдонос во смесата.
Уживајте во вашите меки кнедли и топла супа – совршен спој за секој ден! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: