Совршени мини крофнички – децата стојат покрај шпорет и нестрпливо ги јадат жешки…Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

500 г брашно
200 мл млако млеко
200 мл млака вода
50 мл масло
1 рамна лажичка сол
1 супена лажица шеќер
1 кесичка сув квасец (10 г)

Постапка:

1.Во подлабок сад ставете млако млеко, квасец, лажица шеќер па убаво промешајте и оставете 10-тина минути за да се активира квасецот.

2.Потоа додајте масло, млака вода, промешајте и додајте половина од вкупната количина брашно (250 г), сол и полека започнете со месење на тестото.

Постепено додајте го остатокот од брашното, па тестото покријте го со крпа и оставете го половина час да ферментира и да го зголеми волуменот.

3.Потоа поделете го на половина, а потоа од секој дел сечете мали парчиња и обликувајте топчиња.

4.Топчињата боцкајте ги на стапче за ражен, по 5-6 е сосем доволно. Оставете да одморат 10-тина минути додека се загрева маслото.

5.Спуштајте ги во умерено загреано масло и пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат.

6.Одозгора прелијте ги со чоколадо, крем или шеќер во прав. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ: