Потребни состојки:
500 мл млеко
1 квасец
1 печиво
4 јајца
1 лажица сол
200 мл јогурт
1 кг 400 г брашно +-
Постапка:
Ставете го брашното, јајцата, печивото, јогуртот, солта и млекото со квасецот, па замесете тесто (како за кифлички) да не е тврдо. Добро измесете го и ставете го во поголема вангла претходно намастена со масло.
Прекријте го тестото со најлон фолија (само едната страна намачкајте ја со масло) за да не ви се лепи тестото на најлонот и ставете го во фрижидер. Вака подготвено, тестото треба да отстои 7 дена во фрижидер.
Кога ќе посакате мекици, извадете го тестото и со рацете обликувајте ги (развлекувајте со прстите што потенко). Во садот каде ќе ги пржите ставете масло да се загрее, па пржете ги мекиците. Тестото што ви останало, вратете го во фрижидер.