СОВРШЕНА МАКЕДОНСКА ПОГАЧА…Готова за 40 минути, гостите ќе бидат воодушевени…Особено оние што дошле ненајавено…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
1 чаша јогурт
3-4 јајца
1 филџан масло 50-60 мл
200 г брашно или 50:50 брашно и гриз
200 г сирење
1 прашок за печиво
малку сол
ПОСТАПКА:
Во сад за матење сипете брашно, малку изматени јајца, јогурт, сирење, прашок за печиво, масло и малку сол. Сè убаво измешајте и истурете во тава за печење (23 см) и печете во рерна 40 минути. на 180 степени Ц
Послужете со јогурт или кисело млеко. Уживајте! Постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ: