Совршена посна бела торта…Лесна за подготовка, а сочна, нежна и кремаста…

Многу вкусна торта, со единствена мана што не може веднаш да се јаде, туку мора да отстои…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 пакување посни розен кори
400 милилитри млеко од соја или друго растително млеко
400 грама посно бело чоколадо за готвење
2 маргарин (вкуспно 500 г) на собна Т
2 ванилин шеќер
5 лажици шеќер (може и повеќе)
400 г мелени ореви

ПОСТАПКА:

Млекото со шеќерот оставете да зоврие, па додајте ги оревите и промешајте. Тргнете од оган, па додајте го чоколадото, промешајте да се растопи и оставете целосно да се олади.

Маргаринот пенасто изматете го, па малку по малку додавајте го изладениот фил и соеднете. Филувајте ги розен корите и декорирајте по желба. Тортата оставете да отстои во фрижидер 3-4 часа, а најдобро преку ноќ

Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ОВДЕ: