Home шербетни колачи Совршена БАКЛАВА која секој може да ја направи за помалку од 30...

Совршена БАКЛАВА која секој може да ја направи за помалку од 30 минути…

Совршена БАКЛАВА која секој може да ја направи за помалку од 30 минути…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

20 тенки кори за баклава
500 г мелени ореви
200 г путер или маргарин
100 мл масло

За шербет:
750 мл вода
600 г шеќер
1/2 мал лимон

ПОСТАПКА:

Оставете да зоврие водата со шеќерот и мешајте додека целосно да се растопи. Варете 2-3 минути и исклучете го огнот. Додајте неколку тркалца лимон и оставете целосно да се олади. Настрана растопете го путерот заедно со маслото за да се соединат.

Земете една кора и малку испрскајте ја со маснотија, па поклопете ја со втора кора. И неа малку намастете ја. Распоредете мелени ореви преку цела површина. Тенко дрвено стапче ставете на еден крај и свиткајте ролат.

Кога ќе дојдете до крајот. од двете страни на ролатот притиснете за да се собере и изгужва, па внимателно истргнете го стапчето. Постапката повторете ја додека да ви се потроши материјалот.

Гужваните ролатчиња редете ги во соодветен плех, исечете ги на саканата големина и одозгора премачкјате со остатокот од маснотија. Печете ја 1 час во загреана рерна на 180 степени и веднаш намалете на 150.

Кога ќе добие златножолта боја, топлата баклава рамномерно прелијте ја со ладниот сируп и оставете целосно да се олади. Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ: