Совршена БАКЛАВА која секој може да ја направи за помалку од 30 минути…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

20 тенки кори за баклава
500 г мелени ореви
200 г путер или маргарин
100 мл масло

За шербет:
750 мл вода
600 г шеќер
1/2 мал лимон

ПОСТАПКА:

Оставете да зоврие водата со шеќерот и мешајте додека целосно да се растопи. Варете 2-3 минути и исклучете го огнот. Додајте неколку тркалца лимон и оставете целосно да се олади. Настрана растопете го путерот заедно со маслото за да се соединат.

Земете една кора и малку испрскајте ја со маснотија, па поклопете ја со втора кора. И неа малку намастете ја. Распоредете мелени ореви преку цела површина. Тенко дрвено стапче ставете на еден крај и свиткајте ролат.

Кога ќе дојдете до крајот. од двете страни на ролатот притиснете за да се собере и изгужва, па внимателно истргнете го стапчето. Постапката повторете ја додека да ви се потроши материјалот.

Гужваните ролатчиња редете ги во соодветен плех, исечете ги на саканата големина и одозгора премачкјате со остатокот од маснотија. Печете ја 1 час во загреана рерна на 180 степени и веднаш намалете на 150.

Кога ќе добие златножолта боја, топлата баклава рамномерно прелијте ја со ладниот сируп и оставете целосно да се олади. Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ: