Home погача Совршен велигденски козињак на конци: Техника што гарантира меко и влакнесто тесто...

Совршен велигденски козињак на конци: Техника што гарантира меко и влакнесто тесто секој пат

козињак

🍞 Совршен велигденски козињак на конци со двојно активиран квасец

Велигденските празници се незамисливи без мирисот на свежо печен козињак. Овој традиционален десерт бара трпение, но со правилна техника резултатот е меко, еластично и богато тесто со совршена структура.

Еден од најчестите предизвици е втасувањето.

Затоа, во овој рецепт се користи метод на двојно активирање на квасецот, кој значително ја намалува можноста за неуспех и гарантира стабилен резултат – техника што ја користат и професионални пекари и слаткари, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

козињаккозињак

🛒 Потребни состојки

• 600 г брашно (со околу 14% протеини – за подобра структура)
• 150 мл млеко
• 150 г шеќер
• 3 јајца
• 1 жолчка
• 21 г свеж квасец или 6 г сув квасец
• 120 г маснотија (растопен путер, масло или комбинација)
• 2 г сол
• 5 мл ванила екстракт
• 5 мл рум
• кора од 1 лимон
• кора од 1 портокал

За премачкување и декорација:
• 1 белка
• шеќер
• НМД

👩‍🍳 Постапка

1. Подготовка на брашното
Просејте го брашното трипати за да добиете полесна и повоздушеста структура на тестото.

2. Двојно активирање на квасецот
Во мал сад сипете малку млако млеко, додајте 1 лажичка шеќер и квасец.

Оставете 10 минути додека да запени.
Потоа додајте 2 лажици брашно, промешајте и оставете уште 15 минути.

3. Подготовка на течната смеса
Во посебен сад сипете млеко, шеќер и сол. Промешајте и оставете да отстои 10 минути.

4. Замесување на тестото
Во длабок сад сипете брашно, млекото, јајца и жолчка, додајте рендана кора од лимон и портокал, ванила, рум и активираниот квасец.

Замесете тесто, па постепено додавајте маснотија во неколку наврати.

5. Прво стасување
Оставете го тестото во намастен сад да ферментира околу 2 часа на топло место (може во исклучена рерна), додека да го удвои волуменот.

6. Формирање
Поделете го тестото на 2 дела, а секој на по 3. Развлечете ги во долгнавести овални кори, најдобро со дланките, покријте и оставете да одморат 30 минути.

По желба филувајте со суво грозје, локум или друго полнење, свиткајте во ролати, малку заcучете ги за да се добијат конци, па оформете плетенка.

7. Второ стасување
Ставете ги плетенките во намастен калап и оставете да нараснат околу 40 минути во благо затоплена, исклучена рерна.

8. Печење
Премачкајте со разматена белка (со виљушка) и посипете со навлажнет шеќер (неколку пати промешајте го шеќерот со натопени прсти во вода).

Печете на 160°C околу 40–45 минути, додека внатрешната температура достигне 90–96°C.

💡 Совети за совршен резултат

• Користете кујнски термометар за прецизна проверка на печењето

• Изберете квалитетно брашно со висок протеин за подобра текстура

• Добар миксер со кука за тесто значително го олеснува процесот

• Правилната температура на состојките е клучна за успешно стасување

• Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

https://www.youtube.com/shorts/gGzjUfQfjmI