Денес пазарот нуди огромна палета од најразлични производи за нега на кожата, за спречување на појава на брчки и предвремено стареење, избелување на темните кругови под очите, елиминирање на дамките и пегите, намалување на широките пори, како и за хидратација на кожата.
Меѓутоа, како да знаеме од која возраст треба да се започне со користење на ваквите производи и како да одлучиме кои средства се најдобри за нашата кожа?
Па кога и како да се започне со користење на производи кои ќе го забават стареењето и кожата да изгледа помлада и посјајна?
Иронично е тоа што и покрај софистицираните информации кои ги добиваме секојдневно, за тоа како да ја одржуваме нашата кожа млада и здрава, сепак нашиот животен стил е брз и стресен, воздухот и животната околина околу нас се сè повеќе загадени, нездраво се храниме и сето тоа се одразува врз здравјето на нашата кожа. Затоа, секојдневно се зголемува потребата од ваквите производи за нега на нашата кожа.
,,Нашата кожа станува се полоша’’ вели експертот за убавина и нега на кожата, Никола Џос.
“Девојките на 20 годишна возраст премногу се шминкаат, како никогаш досега, а тоа е многу агресивно за кожата.
Штетата е уште поголема кога шминката не се отстранува правилно, а влажните марамчиња кои се користат за таа намена, се полни со штетни хемикалии.
Производите кои се формулирани за да спречат предвремено стареење и да го зголемат колагенот во кожата, односно да се ограничи штетата и да се одложи предвременото страеење – се доста примамливи, но и тие треба да се користат правилно”, вели дерматологот д-р Изабел Шаркар.
Користењето на производи наменети за 40+ (години) на 20 годишна возраст можеби нема да придонесе голем ефект, а ќе чини многу пари. Потребна е мала стимулација на колагенот во 20те години, но после 30те години количеството на витамини, минерали, антиоксиданси, хидратација, колаген, еластин и хијалуронска киселина во телото започнува значително да опаѓа.
Користењето на 40+ производи за нега на кожата во 30те години помага да се зачува количеството на колаген, еластин и хијалуронска киселина во подолг временски период. Кожата ќе го апсорбира само она што и е потребно!
Без разлика дали производите за нега на кожата се за 20 или 60 годишна возраст, основната рутина за нега на кожата е иста, според дерматологот д-р Марвин Патерсон.
Тој вели: ,,Клучно е кожата да се опорави од штетните влијанија на животната средина како што се: сонце, загадување, лоша исхрана и стресот.’’
Во 20те години кожата е поотпорна на овој вид оштетување и телото има можност да ги апсорбира хранливите материи побрзо, така да во овие години не се потребни низа на производи, доволни се оние основните сè додека се придржувате кон добра исхрана и добар сон. Всушност, дополнителните производи на оваа возраст можат да го зголемат воспалението, но во никој случај не предизвикуваат предвремено стареење.
Како што се приближувате до 40те и 50те години, во вашето тело се случуваат две нешта:
– нивото на себум (масло) што вашата кожа природно го произведува почнува да опаѓа за околу 1 – 1.5% секоја година, така што вашата кожа станува посува, а телото апсорбира помалку витамини и минерали.
– Нивото на естроген што помага кожата да остане мека и мазна исто така, започнува да се намалува. На оваа возраст се користат производи кои помагаат да се стимулираат изгубените природни масла за подолг период. Тоа се производи кои содржат Б и Е комплекс на масни киселини како и маслото од Арган.
Ова се производите кои според експертите треба да се користат на соодветната возраст:
-
20 години:
– Првиот чекор да се намали предвременото стареење е користење на секојдневен крем за сонце. Се препорачува кремите да бидат со фактор 50 (SPF 50) или повеќе. Кремите за заштита од сонце не само што заштитуваат од штетните ултравиолетови зраци, туку претставуваат и бариера помеѓу кожата и шминката, не дозволува шминката да навлезе во порите.
– Потоа дериват на витамин Ц односно нечист облик.
Користење на чист облик витамин Ц може да се започне во средните 20ти години, бидејќи содржи киселина која може да предизвика чешање, црвенило па дури и изгореница. Се користи во мали количини и исклучиво навечер! Витаминот Ц содржи многу антиоксиданси и одговара на сите видови кожа и помага во избледување на дамките на лицето, намалена појава на брчки, дава сјај на кожата и има антивоспалително дејство. Внесување на витамин Ц како суплемент не гарантира дека витаминот ќе стигне до кожата бидејќи тешко се апсорбира, па затоа користењето на серум е идеално решение.
– Крем за очи против темни кругови која содржи мало количество на дериват на витаминот А. Колку помалку се нанесува толку подобро!
-
30 години:
Како дополнителна состојка на заштитен крем за сонце и серумот со витамин Ц, може да се започне со користење на нежен ексфолирачки гел со Алфа – хидрокси киселини (АХА) односно гликолна и млечна киселина како третман за фините линии, сува кожа, акни и погоден за хидрирање на кожата и бета – хидрокси киселини (БХА) како салицилна киселина за третман на масна кожа која подлабоко продира во порите.
Дерматолозите препорачуваат користење на крем со мало количество ретинол во овие години, исклучиво навечер за да се поттикне стимулацијата на колаген. Колагенот претставува еден од најзастапените протеини во телото, уште се нарекува и протеин на убавината кој е одговорен да ја одржува кожата здрава, но со текот на годините неговото количество се намалува па користењето на ретинол ја подобрува текстурата, подмладува, се спречува создавањето на брчки, а се намалува и длабочината на старите. Пред негова употреба се препорачува консултација со кожен лекар, а не треба да го користат бремени жени и доилки.
-
40 години:
– Додаток на претходните е навлажнувач со хијалуронска киселина во вид на серум и поголемо количество на ретинол.
4. 50 години:
Со сигурност во овие години, продуктите за нега на кожата треба да содржат витамин Ц, Е и пептиди. Важен е и витаминот Б3 (ниацинамид) кој е носител на голем број моќни антиоксиданси.
За НМД.мк пишува Мартина Христовска