Имунолошкиот систем е многу важен, повеќе од било кој друг систем во телото. Претставува ваша лична војска, го штити вашето тело од напаѓачи (бактерии, габички и вируси), ве брани од инфекции и неколку видови рак.

Вашата способност за интеракција со светот околу вас, а истовремено да останете здрави, во голема мера зависи од доброто функционирање на вашиот имунолошки систем.

Се покажало дека сиромашната исхрана резултира со зголемување на инфекциите, успорено оздравување при повреди и инфекции, зголемена чувствителност на симптоми и компликации поради пореметувања на имунолошкиот систем.

Науката покажа дека имунолошката функција се намалува како што старееме, но неодамнешните истражувања упатуваат на тоа дека работата на овој систем исто така, е поврзан со исхраната и истиот може да се зајакне со консумирање на здрава храна.

Клетките на имунолошкиот систем се наоѓаат во крвотокот или во лимфните јазли кои се наоѓаат во телото, се шират низ ткивата и можат брзо да патуваат кога ќе добијат повик за помош.

На тој начин имунолошкиот систем е поставен така да ја намалува можноста за влез во телото на надворешни напаѓачи кои можат да предизвикаат инфекции и болести. На тој начин брзо реагира.

Имунолошкиот систем исто така, се потпира и на одредени структури во телото кои даваат темел за одбрана. Најважните структури на имунолошкиот систем се препреките во и вон нашето тело (како што е на пр.кожата и гастроинтестиналниот тракт). Овие препреки имаат за цел да ги задржат несаканите организми при влезот во телото каде што можат да предизвикаат штета.

Гастроинтестиналниот тракт содржи најголем број имунолошки клетки од целото тело, односно 60% од целиот имунолошки систем. Храната која ја јадете може да даде поддршка во зајакнувањето на одбраната.

Јакнењето на имунитетот не е нешто со кое треба да се занимавате само зимно време. Секое годишно време има различно влијание врз организмот, така што постојано мора да работите на вашиот имунитет.

Следете ги советите, менувајте ги навиките, променете ја исхраната. Ова е еден совршен рецепт за силен имунитет, препорачан од рускиот доктор Јевгениј Комаровски.

Потребни состојки:

100 г суви кајсии
50 г аронија
100 г суви смокви
200 г суви сливи
1 корен од ѓумбир со средна величина
100 мл сок од лимон
100 г бадеми
100 г ореви
50 г лешници
50 г брусница
3 лажици смеса од мед со прополис и матичен млеч
250 г мед

постапка:

Состојките ставете ги во стаклен сад, а крупното суво овошје претходно исечкајте го, јаткастите плодови сомелете ги, а ѓумбирот изгрендајте го.

Сето заедно испасирајте го со рачен миксер. Смесата складирајте ја во стаклени теглички и оставете да созрее неколку денови.

Оваа лековита смеса може да ја консумираат и деца постари од две години, по мала лажичка секое утро. Постари деца и возрасни користат голема лажица.