Ако имате компири и мелено месо, не пропуштајте и направете го ова многу вкусно јадење.
Тукушто го имав приготвено, а моите соседи ненадејно налетаа и ги поканив да го пробаат, па оттогаш редовно и многу често го правам, не само за нас, туку и за нив.
Рецептот е многу лесен и едноставен, не сакам да го чувам во тајна. Се подготвува со евтини состојки, слично на класичната мусака со компир, но малку на поразличен начин, во вид на ролат. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 големи компири (900 г), 300 г рендан чедар кашкавал (или моцарела или некој по ваш избор), 2 супени лажици масло, малку сол по вкус.
За фил: 500 г мелено месо, 2 супени лажици масло, 1 главица кромид, 3 зелени пиперки, 3 чешниња лук, 2 супени лажици доматен сос (25 г), 1 лажичка доматна паста/пире (20 г).
Зачини: црн и црвен пипер, кумин, мајчина душичка, сол или по вкус, 1 рака ситно сечкан свеж магдонос
ПОСТАПКА: Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Плехот од рерна обложете го со хартија за печење и наросете третина или половина рендан кашкавал, да се покрие целата површина.
Одберете што поголеми компири, излупете ги, убаво одмијте ги од скробот, па исечете ги на тенки плочки. Плочките компир наредете ги врз ренданиот кашкавал, една до друга, но малку да се преклопуваат и надоврзуваат.
Кога ќе го прекриете целото дно со компир, ставете да се пече во загреаната рерна на 200 степени, приближно половина час.
За тоа време пригответе го филот од мелено месо. Сиот зеленчук и зачинските билки измијте ги и исечкјате ги најситно што можете.
Во тава загрејте малку масло, па додајте го меленото месо и пржете го додека да ја промени бојата и да испарат вишокот сокови.
Кога ќе се испржи месото треба да биде да биде ситно како трошки. Додајте го ситно сечканиот кромид и ситно сечканите пиперки.
Мешајте и динстајте кратко време додека да омекнат и да ги отпуштат соковите, па додајте ги сувите зачини по ваш вкус.
Посолете, запиперете и убаво промешајте за да се распоредат. Додајте го ренданото лукче, доматната паста и сос, а на крај и ситно сечканиот магдонос.
Динстајте со непрекинато мешање додека сето да омекне и да се соединат сите состојки. Потоа извадете го печениот компир од рерна и врз него наросете сосем малку рендан кашкавал.
Потоа истресете ја смесата со мелено месо и рамномерно распоредете преку целата површина и израмнете.
Врз меленото месо повторно наросете малку кашкавал, па започнете внимателно да го виткате ролатот со помош на хартијата.
Свитканиот ролат наросете го со малку рендан кашкавал одозгора и наросете малку магдонос, па вратете во врелата рерна да се допече уште 10 минути на 200 степени. Оставете малку да подизлади па сечете парчиња и послужете. Деталите погледнете ги ОВДЕ.