Вагината е така дизајнирана да може сама да се прочистува со своите природни секрети. Сепак, со помош на редовна хигиена и некои природни средства, вие можете да и помогнете да остане чиста и здрава.
За тоа не ви се поребни влажни марамчиња ниту миризливи спрејови и сапуни. Прочитајте како најдобро се одржува здравјето на вагината.
1.Измивајте се само со топла вода и благи сапуни за бебиња
Можеби ви звучи чудно, но миењето на вагината само со вода без користење на сапуни е најдобриот начин да се одржи хигиената и чистотата на интимниот дел.
2.Не користете миризливи сапуни
Сапуните и другите средства за миење на телото кои содржат парфеми, во голема мера ја пореметуваат рН вредноста на кожата, а со тоа овозможуваат развој на разни микроорганизми, а со тоа и појава на инфекции.
Една од најголемите грешки кои ги прават жените е внатрешното испирање на вагината, еве зошто:
3.Не се испирајте внатрешно
Вагината има свои начини како да се прочисти, а вие со внатрешното испирање само ја влошувате состојбата.
4.Не лежете предолго во многу топла бања
Ова би можело да ги елиминира вашите природни, корисни бактерии и да им обозможи непречен раст и развој на лошите микроорганизами.
Најголемите грешки се прават за време на менструалниот циклус, еве кои се тие:
5.За време на менструалниот циклус не користете парфимирани влошки
Голем број жени користат разни парфимирани влошки и спрејови, марамчиња и што ти не, само за да го прикријат мирисот на менструацијата. Но, за тоа нема потреба доколку се одржува редовна хигиена.
6.Користете раствор со јаболкова киселина
јаболковата киселина делува антибактериски. Ставете 1 до 2 чаши јаболкова киселина (240 – 470 мл) во водата во кадата и киснете се во оваа бања 20 минути. Јаболковата киселина ќе помогне да се елиминираат токсините и бактериите кои се одговорни за лошиот вагинален мирис.
7.Пијте јогурт
За поефикасно да се справите со лошиот вагинален мирис, потребно е редовно да консумирате јогурт со живи култури.
Јогуртот е полн со lactobacillus бактерии, кои помагаат во борбата против габични инфекции и обновување на багиналното рН ниво.