СОНЧЕВИ ТОПЧИЊА од бело чоколадо со лимон…колку и да направам за 1 минута ги нема! Ако го сакате вкусот на лимонот, тогаш овие колачи ќе станат број 1 за вас! Се приготвуваат брзо и лесно, а вкусот ќе ве маѓепса…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 чаша (од 250 мл) капки/чипс од бело чоколадо или ситно сечкано
¼ чаша несолен путер
1 кора од лимон, ситно рендана
3 супени лажици слатка павлака (60 мл)
½ лажичка екстракт од лимон
¼ лажички екстракт од ванила
2 до 3 капки жолта прехранбена боја по избор
¼ чаша шеќер во прав за валање на топчињата

ПОСТАПКА:

Сипете го белото чоколадо во средна чинија за матење. Оставете настрана.

Во мало тенџере растопете го путерот и додајте ситно рендана кора од лимон. Додајте ја густата павлака и оставете ја да дојде до пред зовривање. Но, штом ги забележите првите меурчиња тргнете го садот од оган.

Истурете ја смесата од кремот преку сито врз белото чоколадо.

Додајте ги екстрактот од лимон и ванила. Додајте неколку капки жолта прехранбената боја, па мешајте додека смесата да се изедначи.

Покријте со кеса или пластична/пластична фолија и ставете ја смесата во фрижидер додека да биде доволно цврста за формирање топчиња, околу 30 минути.

Вадете по 1 до 1 ½ лажица од смесата и формирајте топчиња.

А, потоа валајте ги во шеќер во прав.

Оставете ги во фрижидер најмалку 1 час пред да ги послужите. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.