Кога и да имаме некоја прослава јас поминувам два дена во кујна. Правам разни ситни колачи и салати и се’ изгледа како да го приготвила некоја кетеринг служба. Ги сакаме домашните вкусни залаци и сакаме трпезата да ни биде богата, свечена и да биде шарено и разновидно.

Гостите не го кријат своето воодушевување и честопати добивам комплименти. Но, еден од солените ужитоци кои веднаш се потрошува се солените рафаела. Понекогаш овие солени бомбици ги приготвувам со пилешко месо, но овојпат ги правев со шунка.

Солениот рафаело е одличен додаток со кифлички, скара и солени ролати. Убаво изгледа, лесно се приготвува а љубителите на сочни и кремасти јадења ќе уживаат во овој прекрасен вкус.

Потребни состојки:

300 г ситно сирење

100 мл кисела павлака

100 г кикирики

150 г шунка

100 г рендан кашкавал

1 кесичка пармезан

Постапка:

Сирењето ставете го во длабока чиника, шунката и кикириките исечкајте ги а кашкавалот изрендајте го. Павлаката и сите други состојки додадете ги во сирењето па сето добро промешајте го за да се соедини убаво.

Оставете малку во фрижидер да се стегне, па правете топчиња и валкајте ги во презла.

Соленото рафаело треба да стои во фрижидер се до послужување.