Многу лесно се приготвуваат.
Потребни состојки:
100 г смоки
100 г солени кекси (соленки плазма кекси или нешто слично)
150 г печени кикирики
150 г маргарин/путер
и уште:
100 г сусам
Постапка:
1.Смоките ставете ги во сечко и издробете ги (или тоа направете го со рака). Солените кекси и кикириките сомелете ги.
Сусамот на суво малку пропржете го да замириса со постојано мешање. Кога ќе почне да ја менува бојата и ќе почне убаво да мириса, тргнете го оган и оставете го да излади.
2.Во подлабок сад ставете путер/маргарин на собна температура, па со виљушка или со миксер пенасто изматете го.
Додајте ги издробените смоки, мелените кикирики и мелените кекси. Со рака добро соединете ги сите состојки. Ако е потребно, додајте многу малку млеко или вода за да може да се прават топчиња (јас не додадов).
3.Со мала лажичка црпете од приготвената смеса и со раце обликувајте топче. Секое топче валајте го убаво во сусам и уште еднаш убаво поминете го со дланките за да се натапка сусамот.
4.Топчињата редете ги на соодветна чинија за сервирање и оставете ги во фрижидер, најмалку 2-3 часа, убаво да се стегнат.
5.Овие топчиња се одлични како предјадење, а многу се вкусни и како закуска со пиво…