Многу вкусна закуска за секаква пригода. Состојките за фил по потреба и вкус може и да ги менувате. Секогаш, кога и да го направам, за која било пригода, први се трошат од трпезата, па затоа некогаш правам по две или три дози одеднаш. Еве што ви е потребно:




Потребни состојки: 4 јајца, 12 лажици брашно, 200 мл јогурт, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол, 1 шолјичка масло, 1 морков, 1 китка магдонос. За фил: 250 г крем сирење, 100 г шунка, 1 варено јајце. За премачкување: 100 мл кисела павлака, 12 лажички мајонез, 150 г рендан кашкавал, 1 варено јајце




ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА КОРАТА: Изматете ги пенасто јајцата, посолете, додајте јогурт, масло, брашно помешано со прашок за печиво, рендан морков и една рака сечкан магдонос, па сето соединете го и излејте го во намастен и набрашнет плех (или обложен со хартија за печење.




Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Кога ќе се излади кората, од неа со помош на модла за мафини или некоја соодветна чаша, извадете 24 тркалца (или во зависност од величината на калапот кој ќе го користите).




За фил: во поголем сад измешајте крем сирење, сечкана шунка, рендано варено јајце и ако сакате, издробен низ прсти, остатокот од пандишпанот кој останал после вадењето на круговите. Може и без него да филувате, а остатокот да го искористите за подготвување на солени бомбици, на пример.




Во зависност од дебелината на кората (ако сте печеле во голем плех, можно е пандишпанот да излезе потенок, па да нема потреба од сечење на круговите), сечете ги круговите на половина, а во ставете од филот.




Спојувајте ги и од страна шубарите премачкувајте ги со кисела павлака (пополнете ги и празнините), па валкајте ги во ситно рендан кашкавал. Одозгора со шприц ставете малку мајонез и рендано јајце.




Секако, декорацијата може да биде различна: на пример, врз мајонезот да ставите неколку зрна грашок или може да се стави крукче варено јајце, крукче шунка, крукче кашкавалче и кисела краставичка, маслинка или свеж магдонос, копар, власец, рендан варен компир…