СОЛЕНИ РОЛАТИ ОД ЕДНА СМЕСА: Се прават за за час, лесно како песна! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

8 јајца
400 мл јогурт
9 лажици брашно
12 г прашок за пециво
една лажичка сол
4 лажици ајвар
1 лажица брашно

Фил за жолта кора:
250 г фета сирење
100 мл кисела павлака
12 тенки листови шунка

Фил за портокалова кора:
250 г фета сирење
100 мл кисела павлака
3 кисели краставички
100 г кулен

ПОСТАПКА: Белките изматете ги додека да се стегнат и се добие цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе се преврти. Потоа една по една додајте ги жолчките додека непрекинато матите со миксерот.

Потоа додајте го јогуртот, промешајте, па брашното и прашокот за печиво. Мешајте рачно со бавни движења за да остане смесата пенлива.

Смесата поделете ја на два дела, а во едниот дел додајте една супена лажица брашно и 4 лажици ајвар.

За фил: Во фета сирењето (500 г) додајте кисела павлака (200 мл), промешајте и поделете ја смесата на два дела. Во вториот дел додајте ситно сечкани кисели краставички и ситно сечкан кулен.

Во големиот плех од рерна обложен со хартија сипете ја и распоредете ја жолтата смеса, па ставете да се пече во загреана рерна 15 минути на 200°C. Печената кора свиткајте ја во ролат сосе хартијата и оставете така да се лади.

Оладената кора премачкјате ја со четвртина од филот и наредете тркалца шунка. Врз нив повторно премачкјате четвртина од филот, па внимателно свиткајте го ролатот и оставете го во фрижидер добро да се олади.

Постапката повторете ја и со портокаловото тесто: излејте го во плех обложен со хартија и испечете ја кората на 200 степени, 15 минути.

Додека е топла свиткајте ја во ролат сосе хартијата, а кога ќе се олади, преку цела површина премачкјате ја со приготвениот фил во кој сте додале сечкани кисели краставички и кулен.

Свиткајте во ролат и оставете во фрижидер да се олади и стегне. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.