Потребни состојки:
850-900 г брашно тип 500
1 кесичка сув квасец (7 г)
2 јајца
400 мл топло млеко
180 мл масло
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
Постапка:
Во една вангла ставете топло млеко, потоа масло, две белки, една лажица шеќер и една кесичка сув квасец, па промешајте со жица.
Постепено додавајте еден дел брашно и лажичка сол, па месете со додавање на остатокот од брашно. Постепено замесете со рака. Тестото е меко и лепливо.
На набрашнета работна површина измесете го тестото со додавање на брашно по потреба. Тестото е доста меко како памук.
Ставете го тестото во вангличка намастена со малку масло и тестото намастете го од сите страни, покријте го со проѕирна фолија и оставете го на топло место за да порасне и да се удвои. Најдобро би било тестото да го оставите околу час и половина до два часа.
Тестото потоа префрлете го на набрашнета подлога и исечете го на помали делови. Прво на половина, па на четвртина… или кинете топчиња ако така ви е полесно. Формираните топчиња покријте ги со фолија додека ги правите кифлите.
Вадете едно по едно топче а другите нека останат покриени за да не се сушат. Секое топче со оклагија развлечете го во правоаголна форма. Ако имате секач, поминете преку половина од коричката, а ако немате, со нож направете засеци, нанесете фил по ваша желба, па свиткајте ја кифлата.
Рерната вклучете ја на 190 степени, кифлите редете ги во плех, покријте ги кујнска крпа да надојдат малку додека се загрева рерната, потоа премачкајте ги со изматени жолчки и печете ги во загреана рерна на 180 до 190 степени додека да добијат убава златна боја, околу 15-тина минути.
Погледнете ги деталите во видеото: