Потребни состојки за тесто:
250-300 мл млеко
7 лажици брашно
3 јајца
3 лажици маслиново масло
малку сол
За фил:
300 г суво димено сирење
2 чашки кисела павлака
Постапка:
Јајцата пенесто измиксајте ги, потоа додадете млеко, маслиново масло, брашно и сол.
Смесата добро измешајте ја за да нема грутчиња. Половина од смесата излејте ја во помал сад.
Во преостанатата половина смеса додадете лажичка пире од домати и повторно кратко измиксајте, а смесата излејте ја друг помал сад.
Загрејте ја тавата со неколку капки масло. Било која од смесите, жолтата и црвената, излејте во тавата и печете ја палачинката од двете страни. Готовите палачинки оставете ги да изладат додека го приготвувате филот.
Сирењето изрендајте го најситно, додадете павлака и по потреба сол (по вкус). Смесата добро соединете ја.
Филувајте ги палачинките и сервирајте.