Ова солено печиво е многу убаво, а особено шмек му дава натопувањето во слаткиот раствор од вода и мед. Приготвени на овој начин, печивата стануваа крцкави однадвор, а одвнатре се меки како памук – Фотографија и рецепт на Јелена Павловиќ.

Потребни состојки: 400 г брашно, 1 сув квасец, 1 лажичка сол, 3 лажички шеќер, 9 лажици масло и 200 мл топла вода. За фил: измешајте рикота и фета сирење со една белка. За натопување на маргаритките: 200 мл вода, 2 големи лажици мед, сусам за наросување (околу 200 г)

Постапка: сите состојки што се наведени за тесто измешајте ги и измесете убаво мазно тесто. Оставете го околу 1 час и 15 минути за да стаса и да се удвои. Потоа, развлечете го тестото во кора со дебелина од еден прст.

Со модла вадете ги маргаритките (ако немате ваква модла, можете да импровизирате со некоја друга или со чаша). Во чинија или некој друг подлабок сад измешајте вода и мед (да се раствори медот).

Потоа маргаритките поединечно потопувајте ги во таа течност, а веднаш потоа валкајте ги во сусам и редете ги во плех обложен со хартија. Оставете ги да стасуваат најмалку 30-40 минути додека убаво да го зголемат волуменот.

Потоа, со ракиена чашка притиснете ги во средината и направете мало вдлабнување во кое ќе ставите фил. Маргаритките печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20-тина минути. Прочитајте го и следниот рецепт за меки кифлички од кои не се одронува сусамот.

Фотографија и рецепт: Јелена Павловиќ

Фотографија и рецепт: Јелена Павловиќ

Крцкави кифлички со сусам од кои не се одронува, а излегуваат 2 тепсии. Многу вкусни!

Потребни состојки: 1/2 путер или маргарин од 250 г, 1 јајце, 1 кисело млеко (180 мл), 1 лажичка сол, 1 прашок за печиво и 400 г брашно. За валкање: 100 г сусам, 1 лажица мед + 3 лажици вода

Постапка: путерот на собна температура пенасто изматете го со миксер да стане кремаст, па додајте едно јајце и кисело млеко. Продолжете со матење уште некоја минута, па додајте 2/3 од брашното, еден прашок за печиво и една лажичка сол.

Изматете да се изедначи смесата, па додајте го остатокот од брашното и продолжете да месите со рака. Убаво измесеното тесто кое се двои од ѕидовите на садот, оставете го 10-15 минути да одмори.

За тоа време разматете една лажица мед со три лажици вода. Кинете ос тестото и со раце формирајте стапчиња како кифли, тенки или дебели, кратки или долги – ги обликувате по ваша желба.

Стапчињата ги натопувате во медниот раствор па ги валкате во сусам. Ќе ви биде потребно околу 100 г сусам. Ќе добиете околу 2 плеха вакви стапчиња. Печете ги 15-20 минути во претходно загреана рерна на 200 степени додека убаво да заруменат.

Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.