Брз и вкусен оброк! Солените мафини се одлични кога немате многу време на располагање, а потребно е да приготвите вкусен оброк. Ова е рецепт за основно тесто, а додатоците како сирење, шунка, кашкавал, маслинки, пиперки, кромитче, праз, нешто луто… тоа секако е по ваш избор.
Понекогаш овој оброк можете да го приготвувате и кога правите “чистка во фрижидерот. Ви останало од сè по нешто, а на намирниците им дошол рокот при крај. Тогаш сетете се на овој рецепт и прогответе вкусни и брзни мафини. одозгора можете да ги наросите со сусам, ленено семе или семки какви имате.
Потребни состојки: 2 чаши брашно, 1 чаша јогурт, ½ чаша масло, 3 јајца, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол, 200 г фета сирење, Шунка или сланина по желба. Постапка: Јајцата изматете ги со масло и со јогурт. Можете да користите маталка, а можете да ги изматите и со виљушка.
Додадете сол и просеано брашно, прашок за печиво, па смесата изматете ја за да се изедначи. Сирењето издробете го, додадете го во тестото и промешајте. Шунката исечкајте ја на ситни коцкички, а може да додадете сланина или нешто фруго по ваш избор.
За да добиете портокалова боја, во тестото можете да ставите и некоја лажица ајвар. Полнете ги намастените калапи или корпички за мафини но не ги преполнувајте до врв, затоа што ќе пораснат при печењето. Печете ги во загреана рерна на 200 степени 20 минути.