Потребни состојки:
600 г брашно
40 г свеж квасец
Малку шеќер
Малку сол
500 мл млако млеко
200 мл масло + малку масло за развлекување на тестото
Жолчка од јајце за премачкување, сол за наросување или друго по желба
Постапка:
Не е вооопшто комплицирано. Квасецот разматете го со малку млако млеко и оставете да се активира.
Брашното просејте го, во средината направете вдлабнување во кое ќе додадете масло, сол и активираниот квасец.
Месете полека додавајќи млако млеко, колку што прима брашното (тестото треба да биде доста меко и добро измесено).
Направете 21 мали топчиња и оставете ги малку да одморат. Потоа на намастена подлога развлечкувајте корички со оклагија и со намастени раце виткајте ги кифличките (не се грижете ако не ви се исти сите по должина, превкусни се и тоа е најважно).
Кифличките редете ги во плах со хартија, премачкајте ги со изматено јајце или жолчка, наросете крупна морска сол или нешто друго по ваш избор и оставете ги малку да се дигнат.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу половина час.