Фото и рецепт: Влатко Стојовски

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца

½ лажичка сол

100 мл масло

200 мл јогурт

10 лажици брашно

10 лажици палента

1 прашок за печиво

200-250 г сирење

150-200 г исчистен спанаќ свеж, не барен

ПОСТАПКА:

Изматете ги јајцата со половина лажиче сол, да станат пенасти. Додадете масло и продолжете со матење.

Потоа додадете јогурт, па промешуваме и додаваме брашно, палента, прашок за печиво и мешаме да се изедначи смесата.

На крај го додаваме спанаќот претходно измиен и исечкан на ленти и сирење крупно издробено, да се познава повеќе.

Мешаме убаво да се изедначи и смесата ја излеваме во правоаголен калап претходно обложен со хартија за печење.

Печеме на 180 степени околу 40 минути, во зависност од вашата рерна.

Се послужува со јогурт или кисела павлака.

Фото и рецепт: Влатко Стојовски