Потребни ви се само готови кори за розен торта, за солена варијанта, ги има во поголемите маркети.

Во рецептот е даден предлог за фил кој е превкусен, но секако, доколку сакате, можете да го промените според ваш вкус.

Потребни состојки:

1 пакување кори за розен торта

За фил:

500 г фета сирење
150 г софт маргарин
100 г крем сирење
200 г кисела павлака
3 супени лажици ајвар
500 г шунка сечкана на коцки

За украсување:

100 г мајонез, или повеќе ако сакате
100 г рендан кашкавал
1 варена рендана жолчка од јајце

Постапка:

Добро изгмечете го фета сирењето, додадете павлака, маргарин, крем сирење и добро изедначете ја смесата. Додадете ја ситно исечеканата шунка и промешајте.

Филот поделете го на два дела, па во едниот додадете ајвар за да добиете бел и црвен фил.

Корите наизменично филувајте ги со белиот и црвениот фил. Последната кора не се филува. Ставетеја тортата неколку часа во фрижидер, најдобро преку ноќ.

Следниот ден искројте ги краевите и премачкајте со мајонез. Украсете со рендан кашкавал и жолчка од варено јајце.

coolinarika.com