Потребни состојки:
4 јајца
50 г пармезан
350 г компир
200 г шунка
200 г кашкавал
Сол, црн пипер
Постапка:
Во еден сад ставете јајца, прстофат сол, црн пипер и пармезан, а потоа матете додека да добиете изедначена смеса. Изрендајте го компирот, па истурете ја смесата од јајца и промешајте.
Плехот обложете го со хартија за печење, истурете ја смесата и печете на 180 степени околу 30 минути. На добиената кора наредете шунка сечкана на листови, прекријте со листови кашкавал, а потоа свиткајте ја кората како палачинка. Штрудлата обложена со хартија за печење печете ја уште 10 минути на 180 степени.
Видео:
At the end you will be so happy! Here's why 🙂 http://cooki.st/dRLvv
Публикувахте от Cookist в Вторник, 3 октомври 2017 г.