Фотографии и рецепт на Верица Николиќ – “Солена Мимоза Торта”. За сите сетила, полн погодок. Многу е декоративна и може да се приготвува за секакви свечени пригоди, а за вкусот ќе мора да ја пробате и да се уверите. Погледнете ги состојките и сè ќе ви биде јасно.
Декоративна и многу вкусна солена торта која е вистински украс на трпезата за сите видови прослави. За да ја приготвите ќе ви бидат потребни неколку состојки, калап со обрач бр.22 см, а се приготвува и специјална маринада за кромидот кој и дава предобар вкус на салатата.
Потребни состојки: 300 г компири, 300 г шунка, 300 г моркови, 300 г кашкавал (трапист, едамер…), 150 г кромид, 6 јајца, мајонез, сол по вкус. За маринадата на кромидот: 100 мл ладна вода, 1 лажица шеќер, 2 лажици јаболкова киселина, сол по вкус. За декорација: 1 ќитка мирудија, рендани жолчки
Постапка: Компирот добро измијте го, па ставете го во тенџере со вода и малку сол, па сварете го вообичаено. Во посебен сад сварете го и морковот. Внимавајте да не ги преварите. Кромидот ситно исечкајте го и прелијте го со приготвената маринада.
За маринадата потребно е само да ги измешате сите состојки (100 мл ладна вода, 1 лажица шеќер, 2 лажици јаболкова киселина и сол по вкус), да го прелиете сечканиот кромид и да го оставите половина час. Потоа ставете го на цедалка да се исцеди додека ги приготвувате останатите состојки.
Во меѓувреме јајцата сварете ги, да бидат тврдо варени. Варениот компир оставете го малку да подизлади, па излупете го од лушпата и крупно изрендајте го. Крупно изрендајте го и морковот, исто така, како и шунката (може да користите шунка или сувомеснато по ваш вкус и желба).
Кашкавалот изрендајте го на ситната страна од рендето. Јајцата одвојте ги од белките и жолчките. Белките крупни изренајте ги, а жолчките ситно изрендајте ги и веднаш тргнете на страна една третина која подоцна ќе ја искористите за декорација на тортата.
Обрачот од торта со величина од 22 см обложете го со проѕирна фолија и ставете го на тацна за торта. Внатрешноста на тацната (каде ќе ја редите тортата) премачкајте ја со масло за јадење. Во калапот прво наредете го ренданиот компир и добро притоснете со лажица.
Од компирот треба да се формира кората (јас на раката ставив кеса од замрзнувач и без проблем ја формирав кората). Посолете ја кората од компир по вкус и премачкјате ја во тенок слој со мајонез, користете околу две супени лажици.
Потоа, врз премачканиот мајонез наредете рендана шунка, па и неа притиснете ја и повторно премачкајте со мајонез. Преку шунката рамномерно распоредете го исцедениот кромид (со рака дополнително исцедете го добро од маринадата).
Преку кромидот повторно премачкајте со малку мајонез. Следната кора е од кашкавал. Рамномерно распоредете го и израмнете го, притиднете го исто како компирот, за да се формира кора. И кашкавалот премачкјате го бо тенок слој со мајонез.
Преку кашкавалот наросете две третини од ренданите жолчки, посолете ги по вкус и премачкјате ги со мајонез. Кога премачкувате со мајонез немојте да претерувате, доволни се само по две супени лажици колку да се залепат состојките и да се збогати вкусот.
Од мирудијата/копар одвојте две гранчиња, а остотокот ситно исечкјате го. Наросете по краевите на тортата како обраш, со ширина од околу 2 см. Одозгора наросете со едната третина рендана жолчка која претходно ја одвоивме, токму за декорацијата.
Одозгора ставете ги двете гранчиња мирудија како украс за визуелно да се долови цветот на мимозата. Тортата оставете ја во фрижидер преку цела ноќ, а потоа отстранете го обрачот, пресечете и послужете ја мимоза тортата. /Рецепт и фотографии на Верица Николиќ.