Потребни состојки:
4 јајца
4 лажици брашно
1 прашок за печиво
2 лажици кисела павлака
1 прстофат сол
Фил:
200 г фета сирење
100 мл милерам
180 г шунка
Постапка:
Белките одвојте ги од жолчките и со прстофат сол изматете цврст снег. Посебно изматете ги жолчките со павлаката. Додадете го снегот од белки и полека промешајте.
На крај додадете ја мешавината од прашок за печиво и брашно, па промешајте со лажица.
На плех од рерна обложен со хартија, разлејте ја приготвената смеса и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Печената кора свиткајте ја во влажна крпа и оставете да излади.
Посебно изматете фета сирење и милерам, па додадете сечкана шунка и промешајте.
Кората премачкајте ја со филот, па повторно свиткајте ја во ролат, во крпа и оставете во фрижидер да се стегне.
Непосредно пред служење исечете на парчиња и послужете.