Од јајца, млеко и малку брашно, за 5 минути го правам највкусниот појадок или вечера…Еве како да приготвите многу едноставен и евтин рецепт за појадок или вечера, а може и како закуска или прилог кон главното јадење.

Кога немате многу време, а ниту премногу состојки во фрижидерот, овој рецепт е идеално решение за кое не треба да одите во продавница.

Штедите и време и пари, бидејќи подготовката е брза, а потребни ви се само три состојки ако ги исклучиме солта и црниот пипер кои се зачини и кои најверојатно секогаш ги имате. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 супени лажици брашно, 300 мл млеко, 5 јајца, сол и црн пипер по вкус, путер или маргарин за намастување на огноотпорен сад (најдобро е да користите некој помал а подлабок зошто питата поради јајцата расте во висина).

ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете две лажици брашно, па започнете постепено да додавате млеко.

Најпрво додајте околу 50 мл, па добро изматете со жица маталка, а потоа додајте уште 50 мл и изматете додека да добиете густа изедначена смеса без грутчиња.

Во оваа смеса додајте пет јајца. Изматете добро околу две минути со маталката додека да се изедначат во смесата, па посолете со половина или третина лажичка сол и малку наросете црн пипер.

По желба може да додадете и некој друг зачин, но тоа да биде во прстофат за да не доминира.

Најпосле додајте го остатокот од млекото, уште 200 мл (вкупно 300 мл). Промешајте за да се изедначи смесата.

Можеби ќе ви се чини за поретка од онаа за палачинки, но таква треба да биде.

Намастете го добро огноотпорниот сад со путер или маргарин на дното и ѕидовите, а потоа излејте ја во него содржината. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути, односно додека површината да стане златна.

Доколку садот ви лепи, најлесно се постигнува нелеплив ефект доколку претходно садот добро го загреете во рерната заедно со путерот, па во така жежок сад ја излеете смесата.

Во тој случај питата нема воопшто да залепи. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.