Home Народна медицина Сокот од чувар куќа лекува желудник, цисти, миоми, хемороиди, чистење на организмот,...

Сокот од чувар куќа лекува желудник, цисти, миоми, хемороиди, чистење на организмот, подобрува имунитет

Истражувањата покажале дека оваа билка содржи органски киселини, флавоноиди, танини, шеќери, липиди и смоли кои му даваат против воспалително својство.

Билката Чувар куќа е позната како силно средство за лекување на многу болести.

Не само за внатрешни воспаленија, туку и за болести на кожата, воспалено уво… се користи за лекување на нашиот организам и одвнатре и однадвор.

Затоа, доколку сакате на најздрав можен начин да ја исползувате оваа билка, направете го овој рецепт со мед:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

180 г лист од чувар куќа
500 г мед
200 мл цеден сок од лимон

ПОСТАПКА:

Наберете 180 г лист од чувар куќа, измијте го добро и ставете во блендер или во машина за мелење месо.

Додадете мед и мешајте додека да се соединат состојките – мешајте со дрвена или пластична лажица за да нема реакции со метал.

Ќе добиете вкусна смеса, но за да не е многу „тешка“ исцедете неколку лимони – по вкус (до 200 мл, а најдобро е со 2-3 лимони), додадете во смесата и уште еднаш промешајте.

Ќе добиете полутечна смеса.
Складирајте во тегла, а теглата обвиткате ја со алуминиумска фолија.

Чувајте во фрижидер и јадете по 1-2 супени лажици, трипати на ден, половина час пред оброк.

ЕДНОСТАВЕН РЕЦЕПТ ЗА СЕКОЈ ДЕН

Изблендирајте 10-тина листови свежо набрани и растворете ги со едначаша вода. Сокот се пие на гладно, пред оброк.