За отстранување на влакненцата од лицето и телото (причините за нивното постоење се различни: генетика, хормонско пореметување, употреба на орални контрацептивни средства….) потребни се само две состојки: мелено кафе, сода бикарбона и седум денови трпение.
Непријатните влакненца на лицето може да се отстранат со редовна депилација, бричење, трајна епилација или – со сосем природни средства.
Доколку сте заговорник на здрав начин на живеење и сакате да експериментирате, тогаш овој руски рецепт со кој влакненцата трајно се отстрануваат, дамките избелуваат – е полн погодок!
За елиминација на влакненцата од лицето и телото потребни се само две состојки: сода бикарбона, мелено кафе и седум дена трпение.
Потребни состојки:
2 лажици мелено кафе
1 лажица сода бикарбона
Малку вода
Постапка:
Измешајте ги состојките и додадете малку вода колку да формирате густа паста, а потоа нанесете ја на деловите од лицето од кои сакате да ги отстраните влакненцата. Нежно тријте неколку минути, а потоа исплакнете ја маската со млака вода.
Доколку оваа маска се користи еднаш дневно во период од една седмица, влакната и влакненцата би требало да исчезнат без траги. Дејството од комбинацијата на овие природни состојки целосни ги отстранува фоликулите на влакната.
ВНИМАНИЕ: за оние со чувствителна кожа или многу сува кожа. После употреба на домашната паста за отстранување на влакненцата на лицето и телото нанесете хидрантен крем.