Денес ќе дознаете многу интересни информации за сода бикарбоната во комбинација со јаболковата киселина. Оваа комбинација од јаболков оцет (одобено ако е домашен) и сода бикарбона може да реши бројни здравствени состојби.

Исто така, оваа комбинација може да се користи за нега, особено на косата која ќе направи многу поубава, поцврста, посјајна, поеластична и поквалитетна, а исто така, може да помогне во бор-бата против досадните и тешки габични заболувања.




Сè што ви е потребно е само една супена лажица сода бикарбона и сосем малку јаболкова киселина. Најпрво ќе ја истурите сода бикарбоната во некоја подлабока чаша и потоа ќе прелиете со малку јаболкова киселина.

Секако, ќе се создаде реакција и ќе започне да пени, па затоа ви е потребна повисока чаша за да спречите прелевање на пената. Малку промешајте за да се соединат состојките, а потоа смесата можете да ја користите за мачкање на нозете, заноктиците и сите други зафатени места.




Со овој природен третман за само една седмица ќе се ослободите од сите габички, сите нечистотии и сите неправилности, исто така. Оваа комбинација е идеална за миење на косата, како што претходно споменавме, а сега ќе ви откриеме како и зошто се користи за оваа цел.




Секако, кога ја миеме косата, сè што сакаме да постигнеме е да се ослободиме од нечистотијата и маснотијата, но и покрај тоа, сакаме таа да биде посилна, да не ни „цвета“, односно да не се разлистуваат влакната на краевите, да не се крши и да добие на сјајност и еластичност.




Сода бикарбоната е позната по тоа што ги испира сите нечистотии, чисти сè пред себе и генерално има разновидни употреби. А нејзината најдобра карактеристика во овој случај е тоа што е благо алкална и тоа што се состои и мали абразивни честички.

Станислава Михова




Овие два фактори заедно делуваат така што многу добро ја разградуваат нечистотијата и маста и вашата коса ја оставаат беспрекорно чиста. Сода бикарбоната спаѓа во „нежните“ супстанции и не би требало да направи проблем со кожата и косата.

Станислава Михова




Оние што имаат сува коса и кожа после третманот со сода бикарбона би требало да користат некое хранливо масло како што е маслото од јојоба или кокосово масло за да ја вратат потребната количина маснотии која сепак е неопходна за еластичност на влакното.




Јаболковата коса одлично си одговара со сода бикарбоната, таа е малку покисела, па затоа доаѓа до совршен баланс помеѓу овие две супстанции и нормална рН вредност на скалпот. Исто како и сода бикарбоната, така и јаболковиот оцет има прочистувачки својства.




Особено е делотворна при постоење на првот, а исто така делува како природен хидратор, па долго време ја одржува свежината на косата. Па, еве како се користи за нега на косата (постојат неколку методи, но ние ќе ви откриеме најдобриот):

Потребно ви е едно пластично шише (може да искористите некои искористено од шампон или регенератор), сода бикарбона и малку вода. Во шишето (од 400-500 мл) ставете 4-5 лажици сода бикарбона и остатокот дополнете го со вода.




Во шишето оставете доволно место за да можете да ја протресете содржината и содата да се раствори. Додека се бањате прво натопете ја косата, протресете го шишенцето и целата содржина распределете ја коата од главата и малку на прамените, а одбегнувајте ги врвовите за да не дојде до нивно сушење.




Добро протријте и после една минута темелно исплакете. Потоа нанесете регенератор од јаболкова киселина: на една шолја оцет ставете 4 шолји вода, а растворот складирајте го во шише со распрскувач.

После миење на косата исцедете го вишокот вода, па целата коса испрскајте ја со растворот од јаболкова киселина. Потоа завиткајте ја целата коса со кеса (не мора) и нежно протријте. Оставете малку да делува па исплакнете. Миризбата од оцетот за кратко време исчезнува, но останува вашата коса мека како памук.