Совршена идеја за лесен неделен ручек!
Препуштете му се на богатиот медитерански вкус со рецептот за запечено ќофте со моцарела и домати.
Потребни состојки:
600 г мелено месо
1 јајце
1 подебело парче вчерашен леб
125 мл млеко
½ китка босилек
2 главици кромид
4 чешниња лук
Сол, бибер, лажица оригано
2 лажици маслиново масло
150 мл слатко црно вино
600 г домати на парче или од конзерва
125 г моцарела
Постапка:
Лебот потопете го во млеко. Исечкајте го босилекот. Исечкајте го кромидот и лукчето. Исцедете го лебот, па промешајте го со месотот, додадете половина лукче, сол, бибер и промешајте со јајце.
Со влажни раце формирајте топчиња и испржете ги на добро загреано масло. Кромидот и преостанатата количина лук продинстајте ги на малку масло, па додадете вино. Оставете сосот да се динста толку колку да му се преполови количината. Додадете домат, оригано, сол и бибер.
Гответе уште 10-тина минути. Наредете ги ќофтињата во огноотпорен сад, околу нив ставете парчиња моцарела, прелијте со сос од домати и запечете во рерна. Послужете со пире од компир.