Фото и рецепт: Веселка Кузмановска

Рецептот за овие вкусни и сочни колачиња наречени урмашици или ежиња, ни го претстави нашата драга членка Веселка Кузмановска во групата НМД рецепти. Стар рецепт за традиционална шербетна слатка за сите љубители на сочните колачи.

Потребни состојки:

3 јајца
160 г шеќер
160 г масло
1 прашок за печиво
400 г брашно

За шербет:

400 г шеќер
400 мл вода
½ лимон

Постапка:

Најпрво пригответе го шербетот за да има време да се олади додека се приготвуваат урмашиците. Ставете ги шеќерот и водата на оган, па варете неколку минути додека шеќерот целосно да се растопи, а потоа додадете го лимонот исечен на тркалца или исцеден сок.

Во подлабок сад со жица убаво изматете три јајца заедно со шеќерот додека да побелат и шеќерот да се растопи. Потоа додадете го маслото и уште малку промешајте.

Просејте го брашното и измешајте го со прашокот за печиво, па постепено додавајте го во смесата од јајца. Најпрво мешајте со жица, а потоа замесете со рака додека да добиете мазно тесто кое не се лепи.

Од тестото кинете мали парчиња, формирајте ги урмашиците, полнете ги со бадем и притиснувајте ги на ренде за да добијат боцки како еже.

Редете ги на намастен плех и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути, додека да добијат златна боја. топлите урмашици полијте ги со ладен шербет.

Фото и рецепт: Веселка Кузмановска

Сличен рецепт со видео презентација можете да погледнете на видеото подолу: