Мора да го пробате овој рецепт, лесно се приготвува, можат и почетници да го направат овој колач. Потребни ви се две јаболка и неколку состојки кои сигурно ви се наоѓаат во кујна. Одличен е за со кафе или чај. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 1 ванилин шеќер, 100 г шеќер, 200 мл масло, 200 мл млеко, 2 јаболка, 200 г брашно, 15 г прашок за печиво, 1 лажичка цимет, плех 20х30 см. ЗА ГЛАЗУРА: 300 мл слатка павлака или млеко, 2 супени лажици какао, 1 лажичка цимет, 2 лажици шеќер.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата. Матете додека тие да се згуснат, а шеќерот да се растопи. Потоа, додека постојано матите со миксерот, додајте го маслото, па млекото.




Во смесата додајте две изрендани јаболка, брашното, прашокот за печиво и една лажичка цимет. Јаболката можете и директно да ги рендате во смесата, нема потреба претходно да ги готвите или да ги цедите од сокот. Убаво со жица промешајте за да се изедначи смесата.




Плехот со димензии 20х30 см добро намастете го, па во него излејте ја смесата и израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 35 минути. Печениот колач оставете го да се олади, а потоа подгответе ја глазурата.




За глазура: загрејте ја слатката павлака или млекото заедно со 2 лажици какао во прав, лажичка цимет и 2 лажици шеќер. Штом се загрее пред зовривање тргнете ја глазурата од оган и оставете 5 минути да одмори.




За тоа време исечете го колачот на коцки со големина по ваша желба, па прелијте го одозгора со топлата чоколадна глазура. Оставете да се олади, а за тоа време преливот целосно ќе се впие. Потоа послужете го.