Home шербетни колачи Сочна раванија на старински начин, како што ја правеа нашите мајки, и...

Сочна раванија на старински начин, како што ја правеа нашите мајки, и денес е нашиот омилен десерт…

Сочна раванија на старински начин, како што ја правеа нашите мајки, и денес е нашиот омилен десерт…

Старински рецепт за раванија (од баба, мајка, а и јас ја правам често, особено за Прочка, според Кумановските обичаи). Рецепт на Лилјана Милева:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

8 јајца се матат со
8 лажици шеќер, потоа се додаваат
8 лажици гриз
4 лажици брашно
рендана кора од лимон
НМД.мк

Се пече, а потоа се сече на парчиња и оладен се прелива со врел шербет, поредок, од:

900 г шеќер
700 мл вода
сок од 1 лимон
1 ванилин шеќер.

Во Кумановскиот крај освен раванија се нарекува и сунѓерка. Следи рецептот на Том Филос:

РЕЦЕПТ 2: За да го приготвите колачот ќе ви бидат потребни следните состојки: 

10 јајца,
10 г ванилин шеќер,
150 г шеќер,
60 мл масло,
10 г прашок за печиво,
150 г брашно.
НМД.мк

Колачот се приготвува во плех со димензии од 35х28 см.

За сируп:
600 г шеќер,
600 мл вода и
60 мл лимонов сок.

ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ

Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: