Чоколадна торта која не е како секоја друга. Овој рецепт е посебен и секој пат тортата ми излегува многу сочна. Не знам, но веројатно е до количината на состојки која е внимателно одбрана. Овој рецепт сите го посакуваат, особено домаќинките кои многу се по благото како мене.
Постапката е многу едноставна, најпрво се подготвува смесата за кора, па се става на печење, а во меѓувреме се подготвува кремот со кој подоцна се премачкува кората. Во продолжение прочитајте ја и тајната за сочноста на овој рецепт:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 150 г шеќер, 100 мл масло, 200 мл млеко, 250 г брашно, 60 г какао, 10 г прашок за печење, 1 мала лажичка сок од лимон помешано со 1/2 лажичка сода бикарбона. ЗА КРЕМОТ: 280 г кондензирано млеко (од супермаркет или домашно), 300 мл неутрална павлака за готвење.
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете 2 јајца. Во нив додајте 150 г шеќер и смесата изматете ја пенасто со миксер. Која јајцата ќе станат пенасти, а шеќерот ќе почне да се растопува во смесата додајте 100 мл масло, а веднаш потоа и 200 мл млеко.
Соединете ги состојките додека да добиете мазна и нежна смеса. Низ просо додајте 250 г брашно, 60 г какао и 10 г прашок за печење. Сувите состојки истресете ги во едноличната смеса и продолжете со матење додека целото брашно и останати состојки се инкорпорираат во еднолична смеса.
На крајот само додајте 1 лажичка лимонов сок, измешано со 1/2 сода бикарбона. Соединете. Во калап со димензии 30х22 излејте ја смесата на хартија за печење и убаво измазнете ја. Кората печете ја во претходно загреана рерна на 180 степени, 30 минути.
По печењето, кората се остава целосно да се олади, па потоа се сечат краевите за да биде рамна. Ако површината ви е повеќе подигната од страните, можете да ја исечете малку и неа. Потоа, кората пресечете ја на половина да добиете две исти кори.
ЗА КРЕМОТ: Во едно тенџере ставете 280 мл кондензирано млеко, потоа додајте 200 г изрендано или ситно исечкано чоколадо. Мешајте на ниска температура додека чоколадото да почне да се растопува. Потоа во смесата додајте 300 мл неутрална павлака и соединете.
Редење на корите: кора, крем, кора, крем, со што со вториот слој на крем се премачкува целата торта. Она што е важно за сочноста на целата торта е, пред премачкување на корите со крем, испрскајте ги со оваа мешавина:
30 г црно чоколадо, 150 мл топло млеко и 1 лажичка кондензирано млеко. На тој начин тортата излегува 10 пати повкусна од вообичаено. Рецептот за кондензирано млеко може да го прочитате ОВДЕ, а целиот рецепт за тортата погледнете го во видеото ОВДЕ.