СОЧЕН КОЛАЧ СО ОРЕВИ…Сѐ по 12 лажици…МИРИС И ВКУС КОЈ СЕ ПАМТИ…Десерт за секој ден…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 јајца
12 лажици шеќер 150 г
10 г ванилин шеќер
12 лажици масло 80 мл
12 лажици брашно 200 г
2 лажици какао
1 лажица рум
12 лажици мелени ореви 100 г
12 г прашок за печиво
За прелив/ганаж:
200 мл слатка павлака
100 мл млеко
100 г чоколадо за готвење
4 лажици мелени ореви
ПОСТАПКА:
1.Пенасто изматете ги јајцата со шеќер и ванила додека да згуснат и станат кремасти. Потоа додајте ги млекото, маслото, румот и просеаните суви состојки (брашно, прашок за печиво и какао).
2.Изматете со миксер додека сето да се изедначи, па додајте ги оревите. промешајте за сето да се изедначи.
3.Смесата сипете ја во намастен и набрашнет калап 22х22 см и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, приближно 25 минути. Печениот колач оставете да се олади, па избоцкајте го со чепкалка.
4.Сите наведени состојки за прелив ставете ги да се растопат на ниска температура, па рамномерно залијте го оладениот колач и оставете повторно да се олади.
5.Кога ќе се олади и впие преливот декорирајте го со мелени ореви и послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.