Сочен колач со ореви, многу едноставна подготовка – се топи во уста…Фото и рецепт: ТијанаТасиќ. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
1 јајце
150 г брашно
1 прашок за печиво
180 г шеќер
200 мл млеко
100 мл масло
1 ванилин шеќер
50 г мелени ореви
за крем:
125 г путер или маргарин
100 г чоколадо
250 мл млеко
8 лажици шеќер
230 г мелени ореви
Постапка:
1.Пенасто изматете го јајцето со шеќерот и ванилата, додајте го маслото, па млекото и на крај брашното помешано со прашок за печиво и мелените ореви.
2.Смесата излејте ја во намастен и набрашнет калап со димензии 21х24 см и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути.
За крем: во тенџере ставете 125 г (половина коцка) путер исечен на листови, 100 г чоколадо искршено на коцки, 250 мл млеко и 8 лажици шеќер. Стопете ги на тивок оган.
Тргнете го настрана и додајте 230 г мелени ореви. Промешајте, па додека е врел кремот излејте го врз печената кора и оставете да излади. Пред послужување посипете одозгора мелени ореви или цели јатки.
Фото и рецепт: ТијанаТасиќ